ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Хируршко решавање на стерс инконтиненциите и спад на мочен меур

Стрес инконтиненција е состојба кога мочниот меур испушта урина во непредвидени моменти како на пример при некоја физичка работа при кашлањње, кивање и слично. Се јавува кога има оштетување на функцијата на мускули во малата карлица кои го контролираат актот на уринирање. Таа мускулна функција може да биде нарушена од пордување, повреда во таа регија, некои лекови, хируршки зафат во таа регија (оперативен третман на простат кај мажи). Почесто се јавува кај жени.

Дијагностика се поставува со преглед и извршување на некои тестови и инетервенции – цистоскопија, ехо дијагностика, мерење на рест урина, уринокултура, ртг со контраст, и сл. Третманот може да се модулира според клиничката слика и тежината на симптомите. Најчесто може да се започне со медикаментозен тратман со таблети кои го зголемуваат тонусот на мускулатурата и промена на навиките. Под тие промени се подразбира да се пијат помалку, а почесто течности, да се врши уринирање и при најмала дразба, да не се чека. Трчање и скокање на јаже се физички активности кои исто така делуваат на тонусот на целокупната мускулатура. Да се прекине со пушење цигари. Да се намали употребата на алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин. Да се намали телесната тежина и докилу пациентот е дијабетичар да го контролира нивото на шеќер во крвта во дозволени граници. Краен третман на оваа состојвба е хируршки третман. Тој може да биде:

  • Реконструкција на предниот зид од вагината

  • Поставување на помошен свинктер

  • Инјектирање на колаген

  • Ретропубична суспензија на мочниот меур и уретрата

  • Поддршка на мочниот меур и уретрата со помош на еластични материјали

  • Вагинални поддржувачи на уретрата