ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

 

Конгениталните срцеви дефекти преставуваат проблеми со срцевата структура кои се присустни уште од раѓање. Овие дефекти вклучувааат

  • Дефекти на внатрешните ѕидови на срцето

  • Дефекти на валвулите во срцето

  • Дефекти на артериите и вените кои носат крв во срцето и надвор од него, во телото.

Конгениталните срцеви дефекти го менуваат нормалниот проток на крвта низ срцето. Ова настанува како последица на недоволно развиени делови на срцето пред раѓање.

Има многу типови на конгенирални срцеви дефекти, кои може да бидат едноставни дефекти без симптоми до комплексни дефекти со тешки, живото загрозувачки симптоми. Примери на конгенитални дефекти:

  • Атријален септален дефект

  • Вентрикуларен септален дефект

  • Стеноза на пулмонална валвула
  • Коарктација на аорта

  • Десно вентрикуларна хипертрофија

  • Тетралогија Фалот (комбинација од неколку дефекти)

 

Кои се симптомите?

 

Кои се симптомите?

Многу конгенитални дефекти имаат малку или немаат симптоми. Како и да е симптомите, нивната манифестација, типот и тежината зависат од самата тежина на дефектите. Тешките дефекти предизвикуваат знаци и симптоми, најчесто кај новороденчиња и вклучуваат:

  • Брзо дишење

  • Слаба циркулација

Конгениталните дефекти не предизвикуваат градна болка или други болни симптоми.

 

Како се дијагностицираат конгениталните дефекти?

 

Како се дијагностицираат конгениталните дефекти?

  • Физички преглед

  • Рентген снимка

  • Пулс оксиметрија

  • Срцева катетеризација

 

Како се третираат дефектите?

 

Како се третираат дефектите?

Иако на некои конгениталните срцеви дефекти не им третба третман, постојат и онакви кај кои третманот е неопходен. Во зависност од тежината, сложеноста и типот на самиот дефект, истиот може да биде третиран со катетеризациска процедура (интервентно) или пак со отворена операција на срце. Постојат и дефекти за чиј третман се користи комбинација и од двата типа на третман поради сложеноста на дефектот.

 

Отворена операција на срце?

Отворена операција на срце?

Отворена операција на срце се препорачува во случаите каде дефектот не може да биде третиран со интервентна процедура. Отворената операција на срце се користи за:

  • Затварање на дупките помеѓу коморите и предкоморите со пач пластика

  • Реконструкција или замена на срцевите валвули

  • Отварање на артериите или отворите на срцевите валвули

  • Реконструкција на комплексни дефекти кои вклучуваат проблеми со крвните садови во близина на срцето (недоволно развиени или поставени на погрешна локација).

 

Како се прави?

Како се прави?

  • Ќе добиете медикаменти да ви помогнат да спиете и да ве ослободат од болка.

  • Докторот прави рез на вашиот граден кош.

  • По операција ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега.

  • Ќе имате црево во устата и грлото кое ќе ви помага да дишете.Не е удобно и нема да може да зборувате, но сестрите ќе ви помогнат да комуницираат.

  • Цревото за дишење ќе остане додека не почнете самостојно да дишете – неколкучаса.

  • Ќе бидете приклучени на машини за мониторирање на вашиот срцев ритам и крвниот притисок во текот на првите 12 до 24 часа.

 

Што потоа?

Што потоа?

 

  • По интензивна нега, ќе бидете сместени во одделенска соба

  • Ќе се чуствувате изнемоштено и со болки поради резот.

  • Ќе треба да дишите длабоко и да кашлате силно за да се чистат вашите бели дробови од течности.

  • Ќе ви бидат дадени медикаменти

  • За ден-два ќе можете да седите и ќе почнете со шетање наоколу.

  • Може да јадете нормално, но може да има рестрикции на внесот на соли

  • Ќе се чуствуваве секој ден по малку подобро и посилно.

    КАКО МОЖЕ ДА ДОЗНААМ ПОВЕЌЕ?

  • Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.

  • Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.