ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги

Интензивна нега

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Пласирање на интрааортна балон пумпа кај пациенти со лоша функција на срцето

Одделот за интензивна нега и лекување e опремен со најсофистицирана опрема за прифаќање, лекување и негување на пациенти во живото- загрозувачки состојби како и пациенти непосредно после хируршки интервенции се до нивна хемодинамска стабилизација.

Интрааортната балон пумпа (IABP) е механички апарат кој ја подобрува оксигенацијата и крвоснабдувањето на мускулот на срцето истовремено зголемувајки го срцевиот минутен волумен. Таа се состои од цилиндричен полиетиленски балон кој перкутано (поткожно) се имплантира во аортата, отприлика 2 см до подклучната артерија.

Континуиран вено-венозен ултрафилтрацијски третман кај пациенти со акутно и хронично затајување на бубрежна функција

 

Бубрежната инсуфициенција (слабост на бубрезите) настанува кога истите не се во состојба да ги преработат и излачат сите отпадни метаболни производи, при што доаѓа до нивно наталожување и зголемување на нивната концентрација во крвта, со опасност од акутни метаболни пореметувања.