ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вовед

ШТО Е ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Специјалноста интерна медицина специфично се фокусира на превенцијата, дијагнозата и третманот на болестите во возрасната популација. Без фокусирање само на еден дел од делото или еден органски систем, лекарот интернист ја покрива дијагностиката и третманот на целокупниот организам, и ги третира истовремено и честите и покомплексни и потешки болести кај возрасните пациенти. Често пати една индивидуа останува на грижа кај еден интернист во тек на сите етапи од неговиот живот. Дијагнозата и третманот на болестите можат да се вршат или во кабинетот на интернистот или во болнички услови, во зависност од тежината на болеста која се лекува.

 

Што работи интернистот?

ШТО КОНКРЕТНО ИНТЕРНИСТОТ РАБОТИ - интернистите во општото ниво на згрижување се фокусираат на возрасните, без разлика колку ретки тие болести можат да бидат. Исто така тие се грижат и за возрасните кои имаат и мултипни тешки хронични болести во исто време. Тие се обучени за третман на широко поле на медицинските гранки, вклучувајки и промоција на здравјето, одржување на здравјето, превенција на болестите и едукација на пациентот.

Во посебни услови, интернистите обебедуваат координирана грижа со останатите медицински специјалности и специјалисти. Тие блиску соработуваат со нив, и обезбедуват и превентивна дејност за спречување на заболувањата на популацијата.

Исто така интернистите служат и како консултанти на другите субспецијалности од интерната медицина, како на пример:

Хематологија : превенција, дијагноза и третман на болестите на крвта. Онкологија: третман на канцер. Пулмологија: дијагностика и третман на респираторните заболувања. Ендокринологија: ендокрини систем и регулација на телесните хормони. Гастриоентерологија: функција на стомакот и цревата. Кардиологија: третман на срцевите заболувања. Нефрологија: дијагностика и третман на болестите на бубрезите

Заболувања и состојби

КОИ ЗАБОЛУВАЊА И СОСТОЈБИ ГИ ТРЕТИРА ИНТЕРНИСТОТ

Интернистот е трениран за дијагностика и третман на широк дијапазон на заболувања кај адултите. Интернистите можат да се фокусираат на општата пракса или на специјализирано поле на дејност. Исто така интернистите се апликативни и во болнички услови каде можат да бидат третирани адултите со почестите заболувања, во превентивната медицина, или во субспецијализирани институции (Клиники) каде пружаат општа интернистичка нега на пациентите.

Иследувања

КОИ ИСЛЕДУВАЊА ИНТЕРНИСТОТ ГИ ПРИМЕНУВА

Интернистите применуваат бројни иследувања и прегледи во зависност од индивидуалните потреби на пациентот, неговата болест, возраст и слично, така што често пати овие можат меѓу себе да се разликуваат.

Рутински физикален преглед: претставува есенцијален дел на запознавањето на лекарот во општото испитување на пациентот. При ова интернистот зема детална анамнеза и прави општ преглед на пациентот. Тука тој се запознава и со неговите навики, како што се животниот стил, пушењето, диетата, земањето на лекови, алкохол и физичката активност. Тука тој врши и мануелен преглед на штитната жлезда, урогениталниот тракт, инспекција и палпација на мевот, аускултација на срцето, аускултација на белите дробови и општ невролошки преглед.

Дури и пред да пациентот се пожали на некои знаци и заболувања, интернистот може да го упати на на специфични иследувања за дијагноза на заболувањето. Почети вакви иследувања се:

  • Ниво на холестерол и маснотии во крвта: лабораториски иследувања после 10 часовно гладување, ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
  • Одредување на поединци со висок крвен притисок : ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
  • Одредување на заболувања на тиреоидеата: Т3, Т4, ТСХ во крвта
  • Гојазност: одредување на body mass index (BMI) и третман на обезноста.
  • Шекерна болест: одердување на шекер на гладно, орален гликоза толеранс тест (ОГТТ) и гликозилиран хемоглобин (ХбА1С).
  • Ултразвучен преглед на внатрешните органи: општ ехографски преглед на бубрезите, мочниот меур, црн дроб, жолчнио кесе, штитна жлезда
  • Спирометрија: одредување на капацитетот на дишната функција и скрининг на пациенти со ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) и астма.
  • Канцер на дојките кај женската популација: упатување на мамографија.
  • Колоректален карцином: постојат повеке опции за скрининг на овој тип на канцер, посебно во ризичните популации и при фамилната оптовареност.
  • Канцер на простатата: одредување на РЅА како специфичен скрининг тест.

Општо земено, од квалитетот на прегледот и правилните препораки кои ги добива пациентот, зависи во голема мерка натамошниот квалитет на живот на пациентот како и правилен третман на веќе постоечката болест кај него.