ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

My alt text

Интервентната кардиологија се занимава со транскатетерс ки третман на одредени срцеви заболувања. Интервентните кардиолози се обучени за изведување на ваков вид третман во кардиолошки катетеризациски лаборатории во рамките на една болница. Поголемиот број од интеренциите се изведуваат на кардиоваскуларниот систем се сметаат за минимално инвазивни поради големината на резот која не преминува 2 см. Овие процедури вклучуваат внесување на катетер во одредени крвни садови на рацете или нозете до срцето или одреден сегмент на крвен сад и е следено под под рентген зраци.

Предностите на интервенциите од овој вид се намалена болка, зналително смален ризик од инфекции, избегнување на големи лузни и пократко време на заздравување по интервенцијата. Во повеќето случаи пациентите се будни за време на интервенцијата а анестезија се дава локално и пациентите можат да си одат дома неколку часа по интервенцијата.

Во интервенти процедури спаѓаат:

  • Балон ангиопластика: се користи за ослободување на запушена артерија преку внесување на мал балон и надувување со што ја турка атеросклеротската плака кон ѕидот на артеријата, на тој начин се воспоставува нормален крвоток, по што балонот се вади од крвниот сад.

  • Каротидно стентирање: при оваа постапка се внесува стент во стеснети или запушени каротидни артерии тоа се артериите кои го хранат мозокот.

  • Корекција на вродена срцева мана: најчесто се врши за корекција на вроден отвор меѓу преткоморите или коморите на срцето или ангиопластика на големите крвни садови.

  • Интракоронарно стентирање : внесување на мало метално мрежесто цефче наречено стент кое ќе ги држи отворени срцевите артерии на местото на нивното претходно стеснување.

  • Вградување на кардиовертер дефибрилатори (ICD): се вградуваат кај лица со зголемен ризик за ненадејно срцево затајување. Се вградуваат поткожно преку мал засек близу рамото, користат електрични импулси за корекција на животозагрозувачки неправилен ритам.

  • Вградување на елетростимулатор- пејсмејкер: најчесто кај пациенти со невообичаено спор срцев ритам, срцева слабост и кај лица со ризик за ненадејна срцева смрт. Пејсмејкерите ја координираат пумпната акција на срцето преку испраќање електрични сигнали.

  • Периферна артериска болест ПАБ: проценка на болеста на крвните садови надвор од срцето. И тука можат да се користат ехниките на балон ангиопластика и стентирање.

Срцева катетеризација

Процедура при која кардиологот прави мал засек на раката или ногата преку кој внесува катетер преку крвен сад до срцето. Оваа постапка користи за:

  • Одредување на локацијата и големината на стеснувањата на крвните садови

  • Одредувањена пупмната сила на срцето и функцијата на валвулите

  • Земање на крв од одреден сегмент

  • Одредување на крвниот притисок во одреден сегмент

  • Инјектирање на контрастно средство видливо под рентген зраци во артерии за одредување на нивното полнење со крв.

Информациите добиени од оваа постапка помагаат за планирање кардиоваскуларна операција или решавање на состојбата со друг вид на интервентна процедура како на пример агиопластика.

Ангиопластика

Ангиопластика / перкутана коронарна интервенција 

Се користи за отворање на артериите кои биле стеснети од атеросклероза и истата се врши преку катетер внесен со засек од рака или нога до артериите кои го хранат срцето. Катетерот има собран балон на врвот и кога тој ќе стигне во стеснетиот или запушен дел се дува за да ја турне атеросклеротската плака кон сидот на артеријата и ја проширува артеријата со што се подобрува крвниот тек.

Стентови

Околу 70 % од ангиопластиките завршуваат со стентирање- внесување на мал метален цилиндар наречен стент во артерија. Затворениот стент е наместен преку затворен балон на врвот од катетер и кога балонот се надува стентот се отвора и ги стабилизира артериските ѕидови. По ова балонот и катетерот се вадат а стентот останува засекогаш и за неколку недели клетките од артеријата го обвиткуваат.

Постојат 2 вида на стентови: метални – (Bare-metal stents) и стентови кои се обложени со медикамент (Drug- eluting stents) кој спречува создавање лузни и го смалува ризикот од повторно затворање на артеријата.

Балон валвулопластика

Се користи за проширување на стеснети валвули кои не се отвораат соодветно пр. при аортна стеноза. При оваа процедура балонот на врвот на катетерот се дува за да го истегне и целосно отвори залистокот.

Пејсмејкер

ВГРАДУВАЊЕ НА ЕЛЕТРОСТИМУЛАТОР - ПЕЈСМЕЈКЕР најчесто кај пациенти со невообичаено спор срцев ритам, срцева слабост и кај лица со ризик за ненадејна срцева смрт. Пејсмејкерите ја координираат пумпната акција на срцето преку испраќање електрични сигнали.