ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

Каротидните артерии се крвните садови кои носат крв збогатена со кислород до главата, мозокот и лицето. Тие се сместени на двете страни од вратот. Доколку плаки и други масни материи ги блокираат овие артерии, се намалува или целосно блокира протокот на крв и тука настануваат проблемите. Кога доаѓа до блокирање на дотокот на крв во мозокот може да настане ТИА (транзиторна исхемична атака). ТИА трае неколку минути и најчесто не предизвикува перманентни оштетувања. Но, служи најчесто како предупредувачки знак за фатален мозочен удар.

Околу 1/3 од луѓето со ТИА добиваат мозочен удар во текот на следната година. Хируршкиот третман на каротидната болест може да го спречи настанување на ТИА и да го намали ризикот од мозочен удар.

 

Како се дијагностицира каротидната болест?

 

Како се дијагностицира каротидната болест?

Дијагностицирањето на каротидната болест започнува со медицинска историја и физикален преглед.

  • Допплер ултразвучна сонографија

  • Комјутерска томографија

  • Магнетна резонанца

 

Што е каротидна ендартеректомија?

 

Што е каротидна ендартеректомија?

Каротидна ендартеректомија е операција, хируршка техника, со која се отстрануваат плаките (масните наслаги) кои ги стеснуваат каротидни артерии.

А: идентификација на блокираниот дел од каротидната артерија

Б: артеријата се отвара и се вади плаката

В: исчистената артерија се затвара со шав.

Како се прави?

  • Ќе добиете медикаменти да ви помогнат да спиете и да ве ослободат од болка.

  • Докторот прави мал рез на вашиот врат на местото каде е запушена или стеснета каротиданта артерија.

  • Докторот ја отвара артеријата и ја вади плаката.

  • Докторот ќе ја направи артеријата колку што е можно по мазна и по чиста.

  • Артеријата и резот на вашиот врат ќе бидат затворени.

  • Операцијата најчесто трае 1-2 часа.

 

Што потоа?

 

Што потоа?

  • Ќе се разбудите во болница и може да се чуствувате најпрво збунето.

  • Вашиот врат ќе боли неколку дена.

  • На почетокот може да биде тешко да голтате.

  • Веројатно ќе си одите дома за ден два

  • Не треба да кревате ништо тешко во наредните 3 недели.

  • Најверојатно ќе може да се вратите на работа отприлика за 1 месец.

  • Треба да направите промени во здрав начин на живот за да помогнете во намалување на шансите за создавање на нови депозити од плаки и да го намите ризиот од мозочен удар.

Како може да го намалам ризикот од мозочен удар?

  • Проверувајте го вашиот притисок често и регулирајте го високиот притисок.

  • Не пушете, и избегнувајте пасивно пушење.

  • Изгубете ги дополнителните килограми.

  • Имајте редовна физичка активност.

  • Проверете го шеќерот во крвта, и контролирајте го дијабетисот, доколку го имате.

  • Јадете помалку сол, заситени и транс масти.

  • Лимитирајте го консумирањето на алкохол, не повеќе од 2 пијалоци/ дневно за мажи и 1 пијалок/дневно за жени.