ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вовед

Во склоп на ургентниот дијагностички центар работи современа биохемиска лабораторија.

Истата располага со најсофистицирана опрема за автоматско брзо и точно испитување на лабораториските анализи.

Лабораториското испитување на крвта ни овозможува да ја увидиме работата и состојбата на поедини органи и ткива.

Комплетни лабораториски анализи се испитуваат за да се постави точната дијагноза на пациентот и да се усмери истата кон најефикасно лекување.

 

Услуги

 

Биохемиската лабораторија нуди широк спектар на лабораториски услуги:

  • хематолошки анализи
  • липиден статус
  • глукозен статус
  • хепатално-ензимски статус
  • деградациони продукти
  • електролитен статус
  • инфламаторни маркери
  • имунолошки статус
  • протеински статус
  • срцеви маркери

Потоа специфични анализи:

  • тумор маркери
  • хормонски статус
  • маркери на тироидна жлезда
  • маркери за хепатит Б,Ц и ХИВ
  • маркери за коскен метаболизам
  • гасни анализи
  • D-Dimeri
  • полови хормони

 

Сертификација

 

Како резултат на своето високо ниво на квалитет,сигурност и стандардизација биохемиската лабораторија,во чекор се светските стандарди доби меѓународен сертификат со златен печат за висок степен на контрола на својот квалитет според стандардите на IFCC и светската здравствена организација.