ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Компјутеризирана томографија

Компјутеризирана томографија

Компјутерското снимање претставува современа, неинвазивна,  прецизна  дијагностичка процедура која користи јонизирачко зрачење,  со што  се добиваат детални слики од различни регии на човековото тело. Се користи за анализа и дијагностика на  повреди и/или заболувања на мозокот, мускулоскелетниот систем, градна и стомачна шуплина со нивните внатрешни органи, карлица и нејзините органи, како и  анализа и дијагностика на заболувања на кардиоваскуларниот систем .

Во нашата болница имаме 256 слоен компјутерски томограф од компанијата Phillips со околу 50% помало зрачење. Подготовката за КТ скенирање бара мининален напор од пациентот. Најдобро е да ја направите 4 часа по гладување, додека пак за некои абдоменални испитувања ќе Ви биде дадено да испиете супстанца од јод пред да се направи испитувањето. Инатравенски контраст може да биде задолжителен за некои испитувања со цел прикажување на подетални делови од одредено ткиво и крвни садови. Доколку е потребно, ќе треба да се направат и резултати од крвта, за да се утврди  колку добро вашите бубрези функционираат и дали е безбедно да се продолжи со скенирање.

Процесот на подготовка и скенирање е во траење до 30 минути. Доколку за Вашето скенирање е потребно инјкетирање на контраст или Вашата процедура е интервентна тогаш може да се задржите и до 90 минути во одделот за радиологија. 

Кај нас се изведуваат следните КТ испитување и КТ водени интервенции:

  • КТ коронографија
  • КТ графтографија
  • КТ на срце (заболувања и вродени аномалии)
  • КТ на аорта
  • КТ ангиографија на каротида и церебрални артерии
  • КТ на периферни артерии
  • КТ венографија( големи вени)
  • КТ на черепот и мозокот
  • КТ на торакс
  • КТ на абдомен и карлицата
  • КТ на скелетот кај пациенти со политраума и/или тумори
  • КТ колонографија (виртуелна колоноскопија)
  • КТ водени биопсии
  • КТ - ПРТ перирадикуларна терапија