ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

МР - 1.5 T магнетна резонанца

Магнетната резонанца е неинвазивна дијагностичка процедура која не користи јонизирачко зрачење, туку моќно магнетно поле и радиофреквентни бранови со што се добиваат детални слики од различни регии на човековото тело. Се користи за анализа и дијагностика на заболувања на мозокот, мускулоскелетниот систем, градна и стомачна шуплина со нивните внатрешни органи, карлица и нејзините органи, дојки и анализа и дијагностика на кардиоваскуларниот систем .

Кај нас се изведуваат следниве МР испитувања:

  • МР на мозок
  • МР на целиот рбет (цервикален, торакален и лумбален)
  • МР на зглобовите (спортски повреди)
  • МР на горниот адбдомен
  • MРЦП - холангио –панкреатографија (жолчно кесе, жолчни патишта и панкреатичен канал)
  • МР ентерографија (тенко црево)
  • МР на карлицата
  • MР на матката
  • МР на ректум
  • МР на простата
  • МР ангиографија (MRA) на церебралните и периферните артерии
  • МР на дојки
  • МР спектроскопија
  • МР следење на нервни патишта
  • МР на срце

Нашиот Philips Ingenia 1.5T MRI скенер придонесува кон подобар комфорт на пациентот, согласно следниве карактеристики: пократок тунел и поголем отвор од 70cm. Амбиентално осветлување за порелаксирано искуство. Со оглед на силното магнетно поле кое се создава од МР скенерот се појавуваат и неколку контраиндикации за МР испитување. Многу е важно да ги информирате од МР одделот, пред да биде направено скенирањето, доколку сте бремени, или пак имате вградено: пејсмејкер на срце, имплант, метални делови или рана од шрапнел на Вашето тело од било кој период од животот. Пред снимањето ќе добиете прашалник за безбедност кој треба да го поплните. Ова е со цел да Ви помогне во потврдување на сигурноста од скенирањето. Радиолошкиот технолог е подготвен да одговори на секое прашање кое го имате и да Ви ја објасни процедурата во целост.

Подготовката за МР е мининална. Во некои случаи може да Ви се даде да испиете една шеќерна состојка пред отпочнување со постaпката за испитување. Интравенски контраст може да биде задолжителен за некои испитувања со цел прикажување на подетални делови од одредено ткиво и крвни садови. Доколку е потребно, ќе треба да се направат и проследат резултати од крвта, за да се утврди колку добро вашиот бубрези функционираат и дали е безбедно да се продолжи со скенирање. Откако ќе бидеме сигурни дека сте безбедни за скенирање ќе Ви биде побарано да ги извадите часовникот или било кој накит, протези или слушни апарати доколку имате. Од пациентките ќе биде побарано да ги отстранат и додатоците во коса, доколку имаат. Може ќе биде побарано да облечете наметка. Доколку не сакате да облечете наметка, Ве молиме да носите облека без патенти, копчиња, ремчиња или токи. МР скенирањето најчесто се завршува од 30-60 минути, во зависност од тоа кој дел од телото се скенира. Ќе биде побарано да легнете прво со главата илипрво со нозете на креветот, во зависност од тоа кој дел од телото се скенира. Тогаш, дел од опремата ќе биде поставена на телото кое е во фокус на работа.

Овој дел од опремата не може да Ве повреди или наштети бидејќи го прима сигналот од делот каде што се продуцира снимката. Скенерот е контролиран од компјутер којшто се наоѓа надвор од МР салата. Радиолошкиот технолог Ве следи преку стаклен панел и може да комуницирате со Вас преку интерком. Скенерот кога работи прави силна бука која варира во текот на скенирањето, така што ќе Ви бидат дадени слушалки за да се анулира буката. За да бидеме сигурни дека снимките се чисти многу е важно да останете мирни за време на скенирањето. Пред отпочнување со снимање ќе Ви буде дадено да држите ѕвонче во раката, доколку за време на снимањето Ви биде потребно да го повикате радиолошкиот технолог После МР скенирањето не се забележани несакани ефекти, така што после снимање може да јадете и пиете нормално.