ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

Кардиологијата како гранка ги опфаќа дијагнозата, причините и третманот на пореметувањата на срцевата структура и функција. Таа е медицинска специјалност чија цел е нега и зачувување на функцијата на срцето и артериите. Меѓутоа треба да се прави разлика од кардиоваскуларен хирург – лице кое врши хируршки зафат на отворено срце и кардиолог кој е одговорен за повеќе видово на тестови, дијагностички и терапевтски процедури како што е ангиопластиката. Постои разлика и меѓу срцева или кардиолошка болест која го зафаќа само срцето и кардиоваскуларна која го зафаќа срцето и крвните садови.

Електрокардиограм – ЕКГ

ЕКГ е дијагностички тест на електричната функција на срцето. Секоја промена во изгледот на брановите кои се прикажани на ЕКГ записот оди во прилог за некаков вид на отстапка во одредена срцева функција. Понатаму се користи за: детекција на остапки во ритамот на срцевата работа; детектирање на причина за градна болка или притисок во градите поради инфаркт, дедоволно снабдување со крв на срцето, перикардит; Проверка на дејството од претходно препишаната терапија; Проверка на функцијата на имплантиран пејсмејкер. Се врши со алпицирање на електроди директно врз кожата од градниот кош и на рацете и нозете. Електродите се поврзани со машина која записот од активност го пренесува на хартија.

24 часовен ЕКГ Холтер

24 ЕКГ Холтер истотака ја испитува електричната функција на срцето но за период од 24 а некогаш и 48 часа. И тука како и во обичното ЕКГ се врши детекција на остапки во ритамот на срцевата работа но за подолг период бидејќи некои состојби кои го пореметуваат ритамот се јавуваат повремено или при состојба на сон, промена на положба а телото, психички стрест или физичка активност. По апликација на електродите истите се прикачуваат на мал монитор кој се носи на ремен околу половината а елтродите се фиксираат на телото со растеглива мрежа. За целиот период на носењето не е дозволено капење и пливање. Препорачлива е физичка активност но со внимание поради ризик од откачување на кабелот од мониторот. Пациентот добива мала книшка во која ги запишува актвностите за целиот период по часови. По одредениот период елетродите се вадат и деконектираат од мониторот а од него на компјутер се вади целиот запис и се анализира за евентуални отстапки во елетричната срцева функција.

24 часовен АБП Холтер

Амбулаторниот крвен притисок – Холтер се користи за мерење на крвниот притисок кја лица во период од 24/48 часа при вршење на секојдневни активности. Околу левата подлактица се става манжетна слична како при нормално мерење на крвен притисок. Манжетната е поврзана со монитор кој на ремен се носи околу половината и го мери притисокот, дење на секои 30 мин. а ноќе на секои 60 мин. Се препорачува во моментите на надувување на манжетната да се мирува и да се држи раката во исправена позиција. Во периодот на носење пациентите не смее да се капат и треба да водат сметка за спречување на евентално откалување на манжетната од мониторот. Пациентите добиваат книшка во која ги запичуваат своите активности по часови. Целта на оваа дијагностичка метода е следењето на варијациите на крвниот притисок во одредениот период и одредување на правилна медикаментозна терапија или модифицирање на веќе одредената.

Трансторакална ехокардиографија - ТТЕ

Трансторакална ехокардиографија е стандардна дијагностичка неинвазивна техника преку која се добива подвижна слика од срцевите шуплини користејќи ултразвук кој се насочува на градниот кош преку сонда. Сондата пушта звучни бранови кои ја отсликуваат структурата на срцето одбиваќи се од неа и повторно ги прима. Понатаму тие компјутерски се конвертираат во движечка слика на монитор. Оваа техника овозможува проценка на пумпната сила на срцето, состојбата на валвулите (срцев шум), промена во неговите димензии, индиректно детектирање на инфаркт, белодробна хипертензија, ендокардит, перикардит, срцева слабост, дијастолна функција и коморна дисинхронија.

Трансезофагеална ехокардиографија – ТЕЕ

Трансезофагеален ехокардиограм е алтернативен тип на претходната дијагностичка метода. Се изведува преку специјална сонда прикачена на крај на флексибилно црево кое се воведува во хранопроводот со претходно аплицирана локална анестезија. Сликата при ТЕЕ е појасна и има поголема дијагностичка важност пред се поради близината на хранопроводот и срцето. ТЕЕ има две главни предности: превенствено им овозможува на кардиолозите подобар увид во срцевите структури, особено на срцевата преграда и струкурата и функцијата на срцевите залистоци. Второ примената во тек кардиоваскуларна хирургија и кардиолошки интервенции. Останати индикации за нејзинта употреба се: иследување на причина за мозочен удар поради постоење мал канал во преградата на преткоморите кој не се гледа на ТТЕ; Детектирање на тромби во срцевите шуплини кај лица со аритмија; дијагнозстика на ендокардит; проценка на функцијата на имплантирани вештачки валвули и проценка на структурата на ѕидот на аортата.

Коронарен стрес тест

Коронарниот стрес тест се користи за проценување на ефектите на физичкиот напор врз срцето.

Самиот тест вклучува забрзано одење на подвижна лента со истовремено следење на електричната активност на срцето и повремена проверка на крвниот притисок. Индикации за спроведување на вакво тестирање се: ангинозни сиптоми; кај условно здрави пациенти со повеќе ризици за кардиваскуларни заболувања; проценка на потеклото на симптоми како губење здив и замор; провоцирање на ирегуларен ритам; проверка на ефектот од антихипертензивна терапија итн. Пред почетокот на тестот се потпишува формулар за согласнот и се палицираат електроди за следење на електричната активност на срцето. Во текот на тестирањето во секое следно ниво има забрзување и сголемување на стрмината на лентата. И за целото време се следат виталните параметри: крвен притисок, пулс и ритам. Доколку се јави проблем во смисла на отстапки во нормалната елетрична активност на сцето или симтпоми како: болка во градите, вртоглавица, изазен замор или гшење, тестот веднаш се прекинува. По тестирањето кратко се одмора 2-3 минути. Лекарот потоа врши проценка на записот и носи оценка за тестот и препорака за следно испитување, интервенција или препорака за слободен режим на живот.

Стрес ехокардиографија

Стрес ехокардиографија се користи кај лица кои од различни причини не се во состојба да бидат дијагностицирани со коронарен стрес тест. При ова тестирање медикаментозно се стимулира срцевиот мускул исто како да е под физичка активност. Најпрвен на нациентот се поставуваат електроди од стандарно ЕКГ. Во вените од едната рака се постаува интравенска канила преку која се внесува медикамент – најчесто добутамин почнувајќи од најмала доза и зголемувајќи ја на секои 3 минути. При тестирањето се зголемува отчукувањата на срцето слично како и при физички напор. За сето време срцевата работа се следи преку трансторакално ехо односно покрај детектирање на евентуални ЕКГ знаци за намалено срцево крвоснабдување или промени ви ритамот, индиректно се следи и срцевата акција и подвижноста на ѕидовите и преградата на ехо. Отако ќе се постигне предвидениот број на срцеви отчукувања тестот се прекинува или се прекинува при појава на симптом како болка во градите, гушење, отежнато дишење или вртоглавица или несвестица. По престанување со внесување на медикаментот, на ехо се следи срцевата работа до смирување на отчукувањата упте неколку минути.

Транскраниален доплер

Претставува неинвазивна метода која освен за повеќе цели најчесто се користи за проценка на ризик од мозочен удар кај возрасни до 50 годишна возраст предизвикан подади перзистентен форамен овале-ПФО или канал во срцевите преткомори кој нормално се губи по раѓањето. Доколку остане отворен и по раѓање настанува премин на крв и тромби од десната преткомора богата со тромби кои влетуваат во левата и преку артериската циркулација запушуваат мали артерии во мозочното ткиво предизвикувајќи мозочен удар. На вените од едната рака на пациентот се поставува интравенска канила преку која се дава контраст со воздушни меурчиња. Во исто време пациентот се замолува да го затне носот и максимално да го стегне томакот односно да напне и нагло да го ослободи носот, за цело време сондата од ехоапаратот е поставена на артеријата на една од слепоочниците и се регистрира колкав број на меурчиња ќе поминат. Колку поголем и позначаен е каналот толку поголем е бројот на поминати меучиња. При позитивен тест се оди на следно иследување и планирање на интервенција за решавање на состојбата без операција.