ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги

Неврологија и невропсихијатрија

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Неврологија и невропсихијатрија

Вовед

НЕВРОЛОГИЈАТА е медицинска дисциплина која се занимава со:

Болести на пореметување на мозочната циркулација - мозочен удар (шлог) како резултат на зачепување на крвните садови од тромб или донесен емболус преку циркулацијата или при крварење во мозокот , мозочните обвивки , како и пореметувања поради аномалии во крвните садови на главата и вратот: . Главоболки, мигрена и др.болни синдроми:. Епилепсии: . Мултипла склероза:. Болести на мускулите ; Болести на рбетниот мозок: и рбетниот столб: Паркинсонова болест: Вртоглавици, пречки со рамнотежата и одењето: Повреди на главата и рбетен столб : Тумори на мозокот и ребетниот мозок и др.

ЕЛЕКТРОЕНЦЕФАЛОГРАФИЈАТА (ЕЕГ) е метод кој ја испитува функцијата на мозокот . Тоа е неинвазивна техника со која се регистрираат биопотенцијалите од мозокот преку черепот, со помош на површински електроди или ЕЕГ капи. Освен спонтаната регистрација на ЕЕГ , како активациона метода се користи често ЕЕГ со депривација на сон, односно

Евоцирани потенцијали

ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ ВО КЛИНИЧКАТА ПРАКСА,

Евоцираните потенцијали, се предизвикани потенцијали, со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.

Зависно од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се: Видни евоцирани потенцијали – ВЕП : Слушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло - БАЕП : Соматосензорни евоцирани потенцијали-СЕП

Тегобите кои со ова метода можат да се “расветлат” се сметни на видот ( ослабен и изгубен вид) сметни на слухот ( ослабен и изгубен слух, “зуење” ) и сензитивни системи ( отрпнатост, “боцкање”, “палење”, “трпнење” и сл)

Испитувањето е безболно, за неговата припрема нема апсолутни контраиндикации. Припремата опфаќа чиста коса, без гелови. Потребное е лицето да не е гладно и на денот на снимање да не прима седативи.

Аудитивни евоцирани потенцијали и потенцијалите на мозочно стебло - БАЕП

Аудитивните евоцирани потенцијали и потенцијалите на мозочно стебло - БАЕП

  • БАЕП – се објективна аудиометријска дијагностика на периферните и централните оштетувања на аудитивните патишта.
  • Индикации : – служат во одредувањето на нивото на лезијата:

- вртоглавиците и пореметувањата на рамнотежата;

- мозочни удари на мозочното стебло;

- каротидна болест,

- демиелинизаторни заболувања;

- дегенративни заболувања;

- неурином на н. Акустикус и тумори на понтоцеребеларниот агол

- диференцирање накоматозни состојби и мозочна смрт .

БАЕП – е метода која е безболна и многу прецизна во диференцирањето на

оштетувањата на слушниот пат. Може да се користи повекратно и да се следи

прогнозата на заболувањето.

Соматосензорни евоцирани потенцијали - СЕП

Соматосензорни евоцирани потенцијали - СЕП

СЕП - e софтифицирана неврофизиолошка метода која служи за рано откривање и локализирање на скриени или манифестни сензорни (осетни) оштетувања на сензорниот систем, од периферијата кон централниот нервен систем.Тоа е тест за висинската локализација на оштетувањата на сензорните патишта. Се користат површни диск електроди кои се лепат вдолж нервните стебла од нозете или рацете кичмата и се регистрира сумарен потенцијал од скалпот над соматосензорната регија. Целосно е безбедна и безболна метода, можe да се повторува многу пати.

Индикации :

  • рано откривање на мултипла склероза о 80% е позитивен наодот ;
  • трауматски или компресивни оштетувања на различни нивои на рбетниот мозок и повреди на мозокот ;
  • цереброваскуларни заболувања и слично

Видни евоцирани потенцијали - ВЕП

Видните евоцирани потенцијали - ВЕП

ВЕП - е неврофизиолошки метод при кој со светлосни стимули се испитува трансмисијата од ретината до видната кора .

Индикации :

- лезии на оптичкиот нерв; видните патишта;

- лезии на ниво на хијазма; видната кора, кортикално

слепило

- диференцирање на васкуларните од демиелинизаторни

лезиии докажани на НМР,

- мултипла склероза - 90% е позитивен наод при клинички и

субклинички лезии , служат за дијагностички критериуми;

- дијабетична ретинопатија, ретробулбарен неврит и др.

Електромиографија - ЕМГ

ЕЛЕКТРОМИОГРАФИЈА - ЕМГ:

ЕМГ е испитување на функцијата на мускулите , периферните нерви и нервните корени и плексуси.

Индикации :

- полиневроптии ( компресивни,трауматски, воспалитиелни, метаболни;

- радикулопатии:

- миопатии, мускулни дистрофии ;

- полимиозитиси ;

- болести на невромускулната врска ( миастениа гравис )

Неврографија- е метод со кој се врши мерење на брзината на спроводливост низ периферните нерви , со чија помош се дијагностицира дали се оштетени нервите и на кое ниво

Психијатрија

ПСИХИЈАТРИЈА

Се бави со третман и дијагноза на :

Невротски нарушувања,

Психосоматски растројства

постравматско стресно растројство

хроничен стрес, несоници

паничен страв,

Фобични состојби

Психооргански нарушувања

Дементни состојби