ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вовед

Одделот за полуинтензивна нега и кардиологија е оспособен за :

Предоперативна подготовка на пациенти

На одделение за полуинтензивна нега и кардиологија се врши комлетна кардиоваскуларна проценка и третман на сите пациенти пред хируршка интервенција. Овој преглед вклучува:

1.Анамнеза на пациентот со посебен осврт на кардиоваскуларните заболувања, како и комлетен преглед на претходна медицинска документација.

2. Комлетен интернистички, хируршки а при индикација и конзилијарен преглед.

3. Врз база на анмнезата и клиничкиот статус на пациентот се врши ризик стратификација на пациентот за евентуални рани и касни послеоперативни компликации, како и соодвентна тераписка модификација на истите. Проценката од соодветен оперативен ризик се врши врз база на препораките од светските кардиолошки и кардиохируршки здруженија, а третманот е базиран на медицински докази.

4. Неизвазивно следење на крвниот притисок

5. ЕКГ запис на срцевата работа

6. Телесна тежина, висина.

7. Комплетна лабараторија

8. Рентгенограм на срце и бели дробови

9. Трансторакална ехокардиографија за процена на морфологијата, структурата и функцијата на срцето, валвуларниот апарат- главна детерминанта на видот на планираниот оперативен зафат.

Дуплекс скен на крвните садови- за процена на морфолгијата на крвните садови, и крвните протоци низ истите.

10. Кај критично болни пациенти ( пациенти со чести градни болки, пациенти со срцева слабост, енормно висок крвен притисок, пациенти со лош белодорбен статус, како и пациенти на кои им претстои сложен оперативен третман) се обезбедува комлетен инвазивен мониторинг кој што опфаќа:

- ЕКГ монитор-континуирано следење на срцевата електрична работа, аритмии, промени при градна болка.

- Артериски катетер - катетер кој се пласира во артерија, преку кој континуирано се мониторира артерискиот притисок и прoмените на истиот при секој срцев удар

- Централен веснки катетер-катетер кој се пласира во вратна вена, преку кој индиректно се проценува полнетоста на васкуларното корито, како и срцевата снага.

- Vigileo monitoring – најсовремена метода за процена на срцевата пумпна снага (количество на крв кое срцето го испумпува во единица време), како и доставата на крв и кислород до сите ткива.

11. Целосна хигиенска предоперативна припрема на пациенти со дезифиценти, антимикробиолошки средтсва, како и комлетна евалуација и санирање на сите кожни промени како би се обезбеедила комлетна безбедност на пациентите во однос на послеоперативните комликации од инфективно потекло.

12. Врз основа на направената предоперативна евалуација се ординира соодветна терапија за обезбедување на оптимален послеоперативен долгорочен бенефит од оперативниот третман. Терапија базирана врз долгогодишно искуство, како и на најсовремените препораки од референтни светски здруженија.

a) Антиангинална терапија - преку која се елеминираат ангинозните тегоби, со што се превенира додатно страдање на срцевиот мускул поради нарушување на кислородниот метаболизам.

б) Антихипертензивна терапија - лекови со краткотрајно и среднорочно дејство со чија помош крвниот притисок се одржува во референтни вредности, како би се избегнале било какви комликации кои истиот ги врши врз другите органи.

в) Кардиопротективна терапија-лекови кои обезбедуваат оптимален кардиоваскулаерен синергиум, со што се елиминираат штетните влијанија кои пертубанциите на неврохуморалниот систем ги исползува врз срцевата работа.

д) Аналгоседација-лекови кои обезбедууват комлетно лишување на пациентот од стресогени и анкциозни нокси кои оперативниот зафат сам за себе ги испорачува.

г) Инотропи, диуретици... - лекови кои ја подобруваат-опоравуваат срцевата работа, како би овозможиле “ идеална подготвеност ” на срцевиот мускул за еден сложен оперативен третман како што е кардиохируршкиот.

Послеоперативно згрижување на пациенти

Послеоперативно згрижување на пациенти:

Сите пациенти после соодветниот оперативен зафат и по одвикнување од машина за дишење, се трансферираат на Одделение за Полуинтензивна нега и кардиологија каде се надгледува и обезбедува комплетното опоравување на пациентот.

Медицински третман, грижа, нега и рехабилитација кои осигуруваат комплетното опоравување на пациентот после операција. Во нив спаѓаат :

1. Секојдневни интернистички прегледи со континуирано иследување на виталните параметри на болните .

2. Доцна невролошка евалуација кај пациенти под висок ризик од невролошки збдинувања ( пациенти со болести на васкуларното корито) .

3. Ехокардиографски преглед - постоперативна процена и документирање на бенефитот од оперативниот зафат врз срцето преку томографска евалуација на срцевата структура и функција .

4. Ехотомографија на торакс- томографско иследување на белдоробните покривки-места каде послеоперативно се колектира слободна крвава содржина

5. Континуирна електрокардиографија - континуирано иследување на срцевиот ритам и послеоперативни комликации на ниво на срцевиот спроводен систем

6. Континуиран мониторинг на Крвниот притисок

7. Рана евалуација на белодорбниот статус - трентгенограм на бели дробови, спиромтреија, артериски гасни анализи.

8. Едукација на пациентот и семејството за ризик факторите кои допринеле за појавата на соодветното заболување и начини за корегирање на тие фактори.

Кај послеоперативни пациенти се вршат слениве постапки:

А. Оптимизација на кардиопротективна, антихиптренизвна, анелгетска терапија на кардиохируршки пациенти.

Б. Најсовремен третман на послеоперативни срцеви аритмии.

В. Соодветна антиагрегрантна, антикаогулантна терапија базирана врз хајсофистицирани хематолошки иследувања.

В. Плеврална пункција - метода со која инвазивно се отстранува количество течност од белодорбните покривки.

Г. Рани физиотерапетски постапки за рана мобилизација на пациенти.

Д. Најсовремен третман на оперативни рани.

Ѓ. Полуинвазивни методи за подобрување на послеоперативната белодоробна функција ( CPAP,NIPPV).

E. Послеоперативна терапија базирана на најновите препораки на референтните светски кардиоваскуларни и кардиохируршки опшества ( AHA,ACC,STS, ESC), терапија базирана врз принципот - помалку е повеќе.

Најсовремена евалуација

Најсовремена евалуација и третман на болсети на срцето, болести накрвните садови на вратот и нозете,болести на респираторниот систем, ортопедски болести, гастроинтестинални и уролошки заболувања:

1. Евалуација и третман на есенцијална хипертензија и итни состојби поврзани со високиот крвен притисок ( хипертензивни кризи со оштетување на target органи како бубрези, мозок, срце - преку континуирано мониторирање на крвниот притисок се ординира оптимална терапија и содветна титража на лекови .

2. Регулација и модификација на ризик фактори за појава на атеросклеротски заболувања ( каротидна болест, коронарна артериска болест, периферна артериска болест ) - преку менаџмент на нарушувања на мастите во крвта, нарушувања на вредностите на гликемијата, соодветни диети за намалувања на дебелината, соодветни рехабилитациони програми за во домашни услови…

3. Конезрвативен треман на болести на големите крвни садови ( пр. дисекција на аорта, проширување на аорта), кај кои е контраиндициран хируршки третман со содветно регулирање на крвниот притисок и лишување на пациентот од болка .

4. Третман на акутен коронарен синдром и евентуални рани и доцни компликации ( фибринолитична терапија, пласирање на линии за инвазивен мониторинг и изготвување на програми за рехабилитација и оптимизација на регимен на лекови за секундарна превенција од кардиоваскуларни заболувања) .

5. Евалуација и третман на заболувања на спроводниот систем на срцето (аритмии) - 24 часовен ЕКГ мониторинг, конзервативен третман, кардиоверзија.

6. Третман на акутно ( брзо) или хронично срцево попуштање - низа од прегледи и процедури преку кои се обезбедува терапија кој создава идеални услови за срцевата работа, како и лекови кои ја подобруваат моќноста на срцевиот мускул.

7. Конзервативен третман на болести на периферната циркулација, како и третман на хронични рани од исхемично потекло.

8. Плеврална пункција - метода со која се отстранува количество течност од белодорбните покривки.

9. Пласирање на перкутан торакален дрен за евакуација на поголема течна содржина од костофреничните синуси или за евакуација на воздух при пнеумоторакс кое претставува животозагрозувачка ситуација и налага итна интервенција.

10. Пласирање на перкутан дрен абдоминално за евакуација на поголема количина асцитна течност.

11. Полуинвазивни методи за подобрување на белодорбна функција( CPAP, NIPPV)

12. Мултидисциплинарен пристап во лекувањето на цереброваскуларни заболувања

13. Рани физиотерапетски постапки за рана мобилизација на пациенти.

14. Најсовремен третман на рани

15. Озон терапија

16. Третман на разни интенистички заболувања ( животно загрозувачки состојби), како што се крвавечки чир на дванаесетпалачно црево, акутна белодорбна слабост, метаболни нарушувања, акутна бубрежна слабост...