ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Послеоперативно згрижување на пациенти

Послеоперативно згрижување на пациенти:

Сите пациенти после соодветниот оперативен зафат и по одвикнување од машина за дишење, се трансферираат на Одделение за Полуинтензивна нега и кардиологија каде се надгледува и обезбедува комплетното опоравување на пациентот.

Медицински третман, грижа, нега и рехабилитација кои осигуруваат комплетното опоравување на пациентот после операција. Во нив спаѓаат :

1. Секојдневни интернистички прегледи со континуирано иследување на виталните параметри на болните .

2. Доцна невролошка евалуација кај пациенти под висок ризик од невролошки збдинувања ( пациенти со болести на васкуларното корито) .

3. Ехокардиографски преглед - постоперативна процена и документирање на бенефитот од оперативниот зафат врз срцето преку томографска евалуација на срцевата структура и функција .

4. Ехотомографија на торакс- томографско иследување на белдоробните покривки-места каде послеоперативно се колектира слободна крвава содржина

5. Континуирна електрокардиографија - континуирано иследување на срцевиот ритам и послеоперативни комликации на ниво на срцевиот спроводен систем

6. Континуиран мониторинг на Крвниот притисок

7. Рана евалуација на белодорбниот статус - трентгенограм на бели дробови, спиромтреија, артериски гасни анализи.

8. Едукација на пациентот и семејството за ризик факторите кои допринеле за појавата на соодветното заболување и начини за корегирање на тие фактори.

Кај послеоперативни пациенти се вршат слениве постапки:

А. Оптимизација на кардиопротективна, антихиптренизвна, анелгетска терапија на кардиохируршки пациенти.

Б. Најсовремен третман на послеоперативни срцеви аритмии.

В. Соодветна антиагрегрантна, антикаогулантна терапија базирана врз хајсофистицирани хематолошки иследувања.

В. Плеврална пункција - метода со која инвазивно се отстранува количество течност од белодорбните покривки.

Г. Рани физиотерапетски постапки за рана мобилизација на пациенти.

Д. Најсовремен третман на оперативни рани.

Ѓ. Полуинвазивни методи за подобрување на послеоперативната белодоробна функција ( CPAP,NIPPV).

E. Послеоперативна терапија базирана на најновите препораки на референтните светски кардиоваскуларни и кардиохируршки опшества ( AHA,ACC,STS, ESC), терапија базирана врз принципот - помалку е повеќе.