ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги

Психологија и психотерапија

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Психотерапија и антистрес програма

Со ПСИХОТЕРПИЈА може да се бави психологот кој има специјализација во психотерапијата со цел да ги третира и лекува пред се’ неврозите (како што се анксиознот, депресија, фобии и хипохондрија, панични напади, пострауматски стресни растројства и психосоматски растројства).

Со помош на редовни психотераписки сеанси се обидуваме да ги разрешиме психолошките проблеми на личноста и да го унапредиме нејзиното здравје.

Психоедукативна подготовка за пациенти пред операција

ПСИХОЕДУКАЦИЈАТА Е ПСИХОЛОШКАТА ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ ПРЕД ОПЕРАЦИЈА е советување на сите пациентите кои се пред операција. Ова советување опфаќа кратка едукација за оперативниот зафат, разговор за стресот и стравот кој пациентот е нормално да го носи и рефлектирање во однос на емоциите кои вклучуваат преплавување, страв и загрозување.

Докажано е дека пациентите кои се психолошки подготвени, советувани и информирани за операцијата, полесно се справуваат со операцијата и побрзо се опоравуаат. Целото семејство исто така учествува во опоравувањето на пациентот и затоа е важно и тие да бидат психолошки подготвени и информирани за она што го очекува пациентот.

Психодијагностика

ПСИХОДИЈАГНОСТИКАТА вклучува тестирање со помош на психолошки тестови кое е наменето за дијагностицирање и разјаснување на прашањата кои се однесуваат на цртите на личност, однесувањето, расположението, емоционалното функционирање и когнитивните процеси на индивидуата.

Се употребува во ситуации кога е потребно разјаснување на дијагнозата, кога постои историја на трауматски искуства, кога има злоупотреба на субстанци, при проблеми во интерперсоналните релации итн. Дополнително се употребува и како поддршка во процесот на психотерапија.

Со помош на психолошкото тестирање пациентот добива детални информации за себе, а психологот изработува објективен психолошки наод.

Во оделот располагаме со преку 30 психолошки тестови на проценка:

  • Клиничките тестови,
  • Тестови на интелигенција и личност,
  • Тестови за проценка на органицитет,
  • GDV апаратура и
  • Bio feedback- апаратурата.