ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

ПУЛМО-АЛЕРГОЛОГИЈА

Пулмоалергологијата е гранка на педијатријата која се занимава со воочување, испитување и терапија на алергија, астма и белодробни заболувања кај деца од раѓање до 16 години. Таа опфаќа :

  • Астма
  • Акутни и хронични  заболувања на респираторниот систем
  • Алергија на храна и алергија на инхалаторни алергени ( домашна прашина, полени, влакна од домашни миленичиња итн.)
  • Поленска треска ( алергиски ринит и конјуктивит)
  • Опструктивна слип апнеа
  • Синузитис
  • Кожни осипи ( егзема, уртикарија)
  • Алергија на убод од инсекти

УСЛУГИ

  • Преглед од пулмоалерголог
  • Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени
  • Спирометрија (испитување на функцијата на белите дробови)
  • Бронходилататорен  тест (тест со  "Вентолин")
  • Ртг- на белите дробови
  • 256- слајсен МСКТ на граден кош

ТРЕТМАН

  • Инхалациона терапија
  • Интравенска / Инфузиона терапија
  • Интрамускулна терапија
  • Советување на децата со астма

Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени, пример алергени присутни во воздухот (влакна од куче, прашина, домашна прашина, полен, животински првут, мувла, итн); како и за алергени присутни во храната (млеко, жолчка од јајце, белка од јајце, пченично брашно, риба, соја итн.).  Методата на изведување е со гребење на кожата (skin prick test) со капнување на алергени,  а резултатот е готов за 10 минути.

My alt text

Провокационен бронходилататорен тест  ( "Вентолински" тест) е метода со која се врши проценка  на протокот на воздух низ дишните патишта, пред и после употребата на  Ventolin. Дијагностички  позитивен  тест сугерира астма.

Ние можеме  да ги направиме сите  неопходни лабораториски анализи на крвта и урината. Доколку е потребноможе да се даде инхалаторна, интравенска и интрамускуларна терапија.

Советување на децата со астма

Астма – инфламаторно заболување на дишните патишта - е еден од водечките хронични заболувања кај децата, со значителен прогрес  во светот и во нашата земја. Во педијатрискиот сектор, астмата претставува  проблем кој ги засега и  децата и родителите.  Во нашата служба покрај преглед и терапија, нудиме и  совети за родителите и децата, со цел поуспешно  контролирање на болеста.