ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги

Трансфузиона медицина

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

Трансфузионата медицина ( трансфузиологија) е медицинска гранка која се однесува на трансфузија на крв и крвни компоненти и хемовигилноста. Дејноста ја обавуваат лаборанти трансфузисти под супервизија на лекар специјалист трансфузиолог.

Хемовигилноста ги покрива сите активности во ланецот на трансфузионата медицина од дарителот на крв до примателот. Овие постапки овозможуваат идентификација и превенција на појавата или повторувањето на несакани ефекти асоцирани со трансфузија на крвни компоненти со цел да се зголеми безбедноста и ефикасноста при трансфузија на крв (СЗО). Во таа насока е рационалната употреба на крвните компоненти (навремена трансфузија само таму каде е навистина потребна), од причина што крвта е ограничен ресурс од хумано потекло, но и трансплантат на туѓо ткиво чија употреба е поврзана со низа несакани ефекти кај примателот.

 

Трансфузија на крв

 

Трансфузијата на крв е процес на примање на крв во циркулацијата преку вена. Таа се применува најчесто ако пациентот крвари, има анемија и нарушување на коагулацијата. Согласно модерната медицинска пракса, се трансфундира само компонентна терапија (еритроцитен концентрат, плазма, тромбоцити и коагулациони фактори) кои се добиваат од единица на целокупна крв.

 

Имунохематолошки тестови

 

Имунохематолошки тестови

Имунохематологијата е гранка на хематологијата и ги проучува антиген-антитело реакциите и феномените кои се асоцирани со тоа – одредување на крвни групи, детекција на антитела (индиректен антиглобулински тест (ИАТ) или Coombs тест и директен антиглобулински тест (ДАТ)), идентификација на антитела и тестови на компатибилност (интреакции). Овие тестови рутински се прават кај секој пациент пред да прими трансфузија или пред операција, со цел да се спречат сериозни посттрансфузиски реакции. Дел од овие тестови се прават и во тек на бременоста кај мајката и кај новороденото.

 

Тестови за коагулација (хемостаза)

 

Тестови за коагулација (хемостаза)

Хемостазата е процес кој го овозможува запирањето на крварењето од оштетените крвни садови во организмот. Во самиот процес учествуваат крвните садови, коагулационите фактори во плазмата, тромбоцитите и еритроцитите. Коагулационите тестови (протромбинско време – PT/INR, парцијално тромбопластинско време-APTT, тромбинско време-TT) се користат за дијагностицирање на пореметувања на хемостазата. Овие тестови се рутинска анализа пред и после операцијата за да се дијагностицираат нарушувањата во хемостазата, со цел да се сопре крварењето со давање на соодветни лекови или крвни компоненти. Тестот APTT се користи и за контрола на терапија со хепарин, а INR-(international normalized ratio) за водење на орална антикоагулантна терапија (по шема).

 

Флеболошка амбуланта

 

Флеболошка амбуланта

Флебологијата е медицинска специјалност за дијагностицирање и третман на заболувањата на венскиот систем. Во човечкиот органозам постојат површински и длабок венски систем, а стратегиите за терапија при заболувања на овиие системи се различни. Тромбозите на длабоките вени и нивната најсериозна компликација е белодробната тромбемболија која може да биде животозагрижувачка состојба. Тие, денес се едни од најчестите заболувања во светот со инциденца од 80 на 100 000 население. Васкуларниот преглед - доплер ултразвук на длабоки и површни вени е неинвазивна метода во тек на која лекарот со помош на сонда лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени.