ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Урогинеколошки центар

Нашиот тим на гинеколози е специјализиран за дијагностика и третман на жени со :

  • Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на мокрачата )
  • Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/столица)
  • Пролапс на генитални органи (спад од нормална позиција)
  • Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика)
  • Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Голем број на луѓe мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава само кај мал број постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокрачата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно цревно празнење ( цревна инконтиненција). Голем број на жените со вакви проблеми не бараат медицинско решение најчесто поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно,  а некои пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Инконтиненцијата и пролапсот се ретко предизвикани од некое опасно медицинско заболување. Како и да е, овие две состојби не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални пореметувања.

За ваквите состојби, ние имаме индивидуален пристап кон секој пациент, а третманот го базираме во зависност од потребите и желбите на секоја жена. При тоа, на секоја жена ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и даваме поддршка во одлуката да го одбере најдоброто за неа, а во зависност од нејзиниот начин на живот и потреба.

„Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодветна медицинска помош“