ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вовед

Во текот на животниот циклус, здравствените потреби на жената се менуваат, а гениталниот систем е подложен на промени. Одржување на здравјето на Вашите репродуктивните органи е од големо значење, кое може да го доверите на гинеколозите од од нашата болница.

Тимот на гинеколози кај нас е подготвен да го следи и контролира Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, па и по неа. Ние знаеме дека совршена грижа вклучува и разговор со пациентката за нејзините физички, психички, емоционални и социјални потреби, во опуштена и комфорна средина, како и  примена на најнови дијагностички процедури, и  напредно следење на здравствената состојбата преку посебни индивидуални програми и консултации за секоја пациентка.

Нашите гинеколози имаат една цел: Вашето здравје!

Нашите гинеколози Ви нудат:

Гинеколошка грижа- која вклучува широк спектар на услуги за следење на потребите на жената од редовни годишни прегледи до комплексни состојби. Нашите гинеколози се специјализирани за минимална инвазивна хирургија за одредени болести, по што  престојот во болница како и  периодот на закрепнување е сведен на минимум.

Грижа за уринарниот тракт и состојби на карличното дно- доколку имате проблеми со несакано испуштање на мокрача, спад на гениталните органи или проблеми во менопаузата не треба да се срамите или да криете. Обратете се кај нашиот тим на гинеколози кои имаат решение за Вашиот проблем.

Третман на рак на гениталните органи- Современи методи за дијагностика и третман на рак на репродуктивните органи.

Акушерска грижа- Бременоста, раѓањето се едни од најважните моменти во животот на една жена, на едно семејство. За нашиот тим на гинеколози, секоја бременост е посебна, и пристапот кон следење на бременоста се базира на највисоките стандарди во акушерството. Ние се грижиме за одржување на здрава бременост преку  рутински прегледи и пренатална грижа, скрининг за хромозомски и структурни аномалии како и дијагностицирање и следење на можни потенцијални компликации. Пациентките со високо ризична бременост се исто така опфатени во нашата грижа, а се со цел -одржување на Вашето и здравјето на Вашето дете.