Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

21.05.2018

Костантин Митрев – Таткото на доктор Жан Митрев, успешно опериран во нашата клиника

Во Zan Mitrev Clinic се решиле многу судбини. Многу лица и семејства во најтешките моменти го нашле својот одговор на проблемите токму во нашата клиника. Секако тука, во тој сплет на околности, влегуваме и ние вработените во клиниката. Не криеме, но не се ни фалиме, дека многу од нашите најблиски, родители, деца, сопружници, браќа, сестри со своите здравствени проблеми завршиле токму во Zan Mitrev Clinic. Довербата којашто ја градиме кон сите се темели и на личните искуства кои не само како вработени туку и како пациенти, или блиски роднини на пациенти, кои биле во клиниката и имале искуство со системот во Zan Mitrev Clinic. Во тој сплет на околности потреба за решавање на здравствен проблем имаше и господинот Костантин Митрев, таткото на првиот човек на клиниката, доктор Жан Митрев.

Господин Коце, како што го викаат, го запознавме во една од болничките соби каде што заздравуваше по операцијата којашто му била изведена на дел од ’рбетниот столб. Многу комплексна операција која траела околу 6 часа и која завршила успешно за што говореше состојбата во која го затекнаваме само ден по операцијата.

Разговорлив, движејќи се низ собата без никакви помагала, а во друштво со неговата сопруга Милка, не пречека со насмевка и без некој посебен вовед, онака непосредно, пријателски го започнавме разговорот. Со самото тоа што во просторијата влегува новинарска екипа со целокупната апаратура за снимање и фотографирање, господин Коце започнува со темата: новинарство, филм, театар…

 

– Јас бев првиот репортер, новинар и снимател воедно, за 11 општини од Македонија уште за телевизијата во Белград кога сè уште не беше отворена Радио Телевизија Скопје. Сите материјали ги снимав и пишував сам и ги праќав за Белград. Работев со огромен ентузијазам кој до денеска не згаснува. Во 1953 година конкурирав во ТВ Скопје а во 1955 и официјално ме примија како вработен по што работите почнаа да течат како на филм – видно расположен почна да ни раскажува господин Крсте.

За него оваа пасија кон снимањето и новинарството се разгорувала во текот на годините па често пати и сам инвестирал во опрема која му требала за работата. Иако во тоа време технологијата за снимање била непозната за повеќето во регионот тој како самоук снимател ги разоткрил сите тајни на техниката што тогаш била актуелна и успевал да информира за животот во југоисточниот дел на нашата држава.

– Известував за сите настани, од политика до економија, образование, култура… Ако еден настан завршуваше во Берово а друг почнуваше во Струмица, јас правев се за да бидам присутен на двата. Ја имав најновата камера во тоа време која беше многу скапа. Една камера ми купи еден мој пријател бизнисмен од тоа време а и јас самиот купив неколку. Сам се обучив за снимање оти немаше кој да ми покаже. Во левата рака носам светло и кабел а во десната камерата која е многу тешка. Секогаш бев на местото на настанот пред сите. Живеев со љубовта кон новинарството и снимањето, филмот но и театарот. Исто така јас сум основоположник на кино клубот „Манаки“. Снимив и неколку кратки филмови од кои некои добиваа награди и постојано беа емитувани – додава тој.

Едноставно забораваме на здравствената тема за која дојдовме на оваа средба, а и тоа пак јасно говори за состојбата во која се наоѓа пациентот. И покрај комплексната операција таа воопшто и да не е тема на разговорот па зборуваме за теми од животот, хобито, работата.

Господин Коце вели дека се чувствува како да немал операција. Освен малото воспаление на мускулите на нозете други тегоби и нема. Сам се движи и често пати ги прави вежбите со „велосипедот“ кои му се препорачани од медицинскиот кадар.

– Проблеми со нозете имав последниве десетина години. Последниве две – три години тие станаа позабележителни. Чувствував затегнатост во нозете и тешко се движев. Мускулите на нозете ми беа пасивни, дури и атрофирани а нервите приклештени. Мојот син, неколку пати ми препорачуваше операција но јас ја одлагав. Сега веќе немаше одлагање, и дојдов во Zan Mitrev Clinic каде ова ми е втора операција. Првата беше во стариот објект во поранешна Воена Болница. Сега иако помина само еден ден по операцијата јас веќе ги чувствувам нозете. Нервите се олабавени и вршат влијание врз мускулите и нозете реагираат. Благодарам на целиот тим кој ми овозможи подобар живот, навистина сето она што го читам за оваа клиника сега повторно го доживувам и јас како пациент со решен здравствен проблем – додава тој.

Го оставаме господин Коце со неговата сопруга Милка во добро расположение чекајќи го денот кога ќе си одат дома каде ќе се вратат на секојдневното темпо на живот.