Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

22.02.2019

Семејството Кукај повторно е заедно и среќно

Задоволството на нашите пациенти од нивната здравствена состојба е наш приоритет кој секојдневно го мериме преку насмевките кои ни ги упатуваат кога среќни и задоволни ја напуштаат нашата болница. Иако не можеме сите да ги евидентираме со нашата камера, фотографски апарат и диктафон сепак некои остануваат трајно забележани во нашите архиви на среќни приказни кои ја цртаат глобалната слика за Zan Mitrev Clinic.

Месецов кој изминува, но и претходниот, голем дел од тимот беше ангажиран околу еден член на семејството Кукај од соседно Косово. Главниот борец е госпоѓа Рефие Кукај (54) која со влошување на својата здравствена состојба ги изненади сите дома по што сите тргнаа во потрага по спас, решение, лек…

Во таа трка со времето токму нашата клиника го понуди и го даде решението за комплексната здравствена состојба на госпоѓа Кукај. Таа во два наврата престојуваше во нашата болница по што во значително добра состојба си замина дома.

– Пациентката е примена во тешка општа состојба, во еден кардиоген шок а претходно реанимирана во болница во Косово. Со една хируршки поставена трахеостома е дојдена овде со една квадриплегија, неможност за движење на горни и долни екстремитети, и со инфективен наод. Извесен период беше на дијализен програм со посебен филтер за пречистување на крвта во одделението за интензивна нега и по стабилизација на состојбата беше пуштена дома по 20 дена престој во нашата болница. Но тука не завршија нејзините проблеми. Вториот пат, сега, е примена заради ритмичка нестабилност со пристапи на вентрикуларна тахикардија и во консултација со нашиот електрофизиолог се вгради во нејзе посебен дивајс SRT по што состојбата почна значително да ѝ се подобрува – ни изјави доктор Петар Угуров.

Нејзиниот син и ќерка се презадоволни од подобрувањето на здравствената состојба на нивната мајка. Среќни што повторно ја гледаат расположена, насмеана и самостојна со нетрпение чекаат да заминат во својот дом. За нив дури и чудо е што нивната мајка остана жива по толку многу здравствени проблеми акумулирани за кратко време.

– Благодариме на целиот тим. Од толку лоша состојба во која ја донесовме па до оваа состојба сега… е навистина чудо за што од се срце благодариме. По втор пат ја спасувате нашата мајка и за тоа ќе ви бидеме благодарни за секогаш. Сега сама се движи, сама се храни и расположението и е значително подобрено – велат нејзиниот син и ќерка со кои госпоѓа Кукај замина во својот дом.