Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

27.11.2017

Уште еден новитет за абдоминалната хирургија – VAAFT техника за безбедно лекување на фистули

 

VAAFT техниката е минимално инвазивна и безбедна процедура за хируршко третирање на перианални фистули која е новитет во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК, односно за Македонија и регионот. Процедура која се поврзува со доц.д-р Мане Хаџи-Манчев, кој неодамна ја воведе и веќе ги имаме првите пациенти. Еден од нив е Бејар Хасани од Косово кој единствено има доверба во д-р Хаџи-Манчев и е негов долгогодишен пациент.

Бејар Хасани пред и после интервенцијата не штедеше на зборови за да ја изрази благодарноста кон докторот кој го познава подолго време.

„Откако ме информираше д-р Хаџи-Манчев дека е во оваа болница веднаш договоривме термин. Претходно тој ми ја објасни полезноста од интервенцијата и јас прифатив. Еве сега сум тука и чекам за интервенцијата. Подготовките и грижата од персоналот до сега се одлични“, рече Хасани пред операцијата. Следното утро, д-р Хаџи-Манчев беше кај него да ја утврди состојбата по што му соопштија со д-р Енвер Идоски дека ќе си оди. „За само 24 часа се сè среди. Се чувствувам добро и благодарам за успешната операција“, дополни пациентот пред заминување.

„Оваа процедура опфаќа дијагностичка фистулоскопија и визуелизација на внатрешниот отвор, придружено со фулгурација на фистулозниот канал и затворање на внатрешниот отвор со ресорптивен шев. Фистулоскопот овозможува визуелизација на гранките на главниот канал доколку истите постојат, што со традиционалниот начин на решавање ќе бидат пропуштени.

Предностите на оваа метода се евидентни:

– Се изведува како еднодневна хирургија;- Нема хируршка траума на ткивото, постоперативните болки се минимални;- Прецизно се согледува внатрешниот отвор на фистулата и се прави комплетна деструкција на фистулата без притоа да се оштети аналниот сфинктер, а со тоа пациентите немаат постоперативен проблем со фекална инконтиненција;- Процентот на повторување со оваа метода се движи од 20-30%. Но и покрај големиот процент на повторување на перианалната фистула изборот на пациентите е оваа метода поради минималната инвазивна процедура како и фактот дека можноста за повреда на аналните сфинктери е невозможна“, објасни доц.д-р Хаџи-Манчев.

Постојат четири типа на перианални фистули и тоа:

Интерсфинктерна (45%)
Транссфинктерна (30%)
Ишиоректална (20%)
Екстрасфинктерна (5%)

Главен симптом е течење на пусоидна содржина од надворешниот отвор, а дијагнозата се поставува со хируршки преглед, фистулографија и MRI на мала карлица. Третманот е секогаш хируршки. Постојат повеќе начини за хируршки пристап за решавање на фистулата и тоа:

Фистулотомија
Фистулектомија
Ситон
Фибриниско лепило и фибрински плуг
VAAFT (video assisted anal fistula treatment)