Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

16.12.2022

Успешно изведена артропластика на колено

Операцијата за замена на коленото – исто така позната како артропластика на коленото е процедура при која се заменуваат зглобовите на колената со вештачки.
Оваа операција може да помогне во ублажување на болката и обновување на функцијата кај тешко заболените зглобови на коленото.
Постапката вклучува отсекување на оштетената коска и ‘рскавица од бутната коска, долна коска и капачето на коленото и нивна замена со вештачки зглоб (протеза) направен од метални легури, висококвалитетна пластика и полимери.

Кога се прави?

Најчеста причина за операција за замена на коленото е потребата за ублажување на силната болка предизвикана од остеоартритис. Луѓето на кои им е потребна операција за замена на коленото обично имаат проблеми со одење, качување, симнувањето по скали, седнување и станување од стол. Некои имаат и болки во колената при мирување.

Лекарот ортопед е тој кој прави дијагноза и препорачува ваква операција.

При утврдувањето дали замената на коленото е соодветна за вас, ортопедскиот хирург го проценува опсегот на движење, стабилноста и силата на вашето колено. Снимките РТГ и Магнет помагаат да се одреди степенот на оштетување.
Изборот од различни протези за замена на коленото и хируршки техники, земајќи ја предвид возраста, тежината, нивото на активност, големината и обликот на коленото и целокупното здравје ги прави ортопедскиот хирург.

Во овој случај стануваше збор за замена на десно колено со протеза, операција која ја изведе нашиот тим ортопеди предводен од д-р Сашо Младеновски. Погледнете го тестемонијалот од нашиот пациент.