Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Поликлиника Струмица

Поликлиника „Филип Втори“ Струмица

 

Поликлиниката „Филип Втори“ Струмица располага со три амбуланти за интернистички и кардиоваскуларни прегледи, ехотомографија, ортопедски и хируршки прегледи, како и со функционален кабинет за испитување на кардиоваскуларниот систем- кабинет за Коронарен стрес тест (КСТ), Холтер ЕКГ, Холтер за крвен притисок и спирометрија, како и лабораториски услуги. Pаботното време е од 08:30 до 16:30.

Во Поликлиника се извршуваат сите видови на специјалистички и субспецијалистички прегледи:

Кардиоваскуларна дијагностика:
– Ехокардиографија – Доплер на вени
– Педијатриски кардиолошки прегледи – Коронарен стрес тест
– 24 часовен Холтер ЕКГ – 24 часовен Холтер АБП
– Спирометрија и респираторна терапија – ЕКГ
– Различни видови на прегледи

Ортопедска дијагностика:
– Ортопедски физикален третман на локомоторен систем
– Ехо на мускуло скелетен систем
– Ехо на колкови-ран скрининг на болести и деформитети кај новороденчиња
– Конзилијарни ортопедски прегледи во центарот за болка
– Консултативни прегледи

Гастроентерологија:
– Ехо на абдомен – Гастроентеролошки прегледи
– Абдоминален хируршки прегледи – Консултативни прегледи
– Ректално туше

Други прегледи и интервенции:
– Ехо на дојка – Ехо на тироидеа – Трансфузиолошки прегледи
– Интрамусклулна апликација на лекови – Интравенска апликација на лекови
– Поткожна апликација на лекови – Плеврална пункција
– Абдоминална пункција – Комплет биохемиски анализи на крв
– Шема за INR – Фибриноген
– Брисеви од кожа, нос, грло, рана – Поставување на уринарен катетер

Горенаведените прегледи ги извршуваат етаблирани лекари од Zan Mitrev Clinic од Скопје, пo претходно дефиниран распоред.