PresMapa sajtaPratite nas na socijalnim medijima    
TELEFON +38923091500

Доктори од Zan Mitrev Clinic со атрактивни предавања и работилници на Конгресот на студенти по општа медицина во Штип

Zan Mitrev Clinic го поддржа и учествуваше во првиот „Конгрес на студенти по општа медицина“ при Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ што се одржа во Штип. Овој настан претставуваше можност за амбициозни студенти и млади лекари да ја демонстрираат својата работа преку усни и постер презентации од полето на претклинички и клинички предмети, практична работа во работилници и присуство на предавања од реномирани професори и доктори.

Во оваа насока свои работилници и предавања имаа и доктор Родни Росалиа, научен истражувач, служба за обезбедување на квалитет, и доктор Тања Анѓушева, супспецијалист кардиолог од Zan Mitrev Clinic.

My alt text

Предавањето на д-р Родни Росалиа, кој докторирал на туморската имунологија, ја запозна публиката со концептот на имунотерапија на ракот и неговиот висок клинички потенцијал. Темата на презентацијата беше: „Искористување на имунолошкиот систем за борба против ракот; имунотерапија за рак“.

- Имунотерапија на ракот е употреба на имунолошкиот систем за лекување на рак. Имунотерапиите може да се категоризираат како активни, пасивни или и активно-пасивни, кои се однесуваат на комбинација на активни и пасивни пристапи. Имунотерапијата на ракот го користи фактот дека клетките на ракот изразуваат аберантни антигени на нивната клеточна површина, т.н. тумор-асоцирани антигени (TAA), кои се резултат на генетски мутации што доведуваат до карциногенеза - беше потенцирано од страна на д-р Росалиа.

My alt text

По предавањето, д-р Росалија имаше задоволство да одржи работилница заедно со 30 високостручни и полетни студенти по медицина од УГД. Во текот на работилницата, студентите беа подетално воведени во тематиката на „терапевтските вакцини против рак на дојка, против меланом и карцином на грлото на матката“, како примери за активна имунотерапија. Таа тема беше проследена со страсна дебата за улогата на цитокинот Интерлеукин-2 (ИЛ-2) како моќна (пасивна) имунотерапија за рак за да се засилат тековните анти-тумор имуни одговори.

Работилницата кулминираше со дискусија за националните, финансиските и бирократските пречки кои во моментот го блокираат спроведувањето на овие напредни терапии во Македонија.

My alt text

Доктор Тања Анѓушева пред група од триесетина студенти одржа практична работилница за користењето електрокардиограф и читањето на ЕКГ- графиконот по што следуваше практична работа со студентите. Многуте прашања само ја дополнија работната атмосфера за која предвидените час и половина беа кратки па неминовно, на задоволство на сите, работилницата беше продолжена.

Конгресот беше одлична можност за проширување на теоретските и практични знаења, стекнување на нови колегијални пријателства.

My alt text