PresMapa sajtaPratite nas na socijalnim medijima    
TELEFON +38923091500

Пациентот се лекува и со насмевка, со добар збор и со пријателски поглед

My alt text

Бахтија Лајчи е наша пациентка која е од соседно Косово а во нашата болница престојуваше на третиот апартмански кат со својата ќерка. Едно од многу семејства кои дојдоа загрижени а си заминуваат среќни. Во нејзиниот апартман, со неа, постојано беше нејзината ќерка Линдита Лајчи, која живее во Њу Џеси, САД, и специјално за својата мајка е дојдена тука да и помогне во најтешките мигови. На посета секако доаѓаа и нејзиниот син и втората ќерка од Косово кои ја надгледуваа состојбата на својата мајка. Типичен пример за тоа како децата се грижат за родителите кога тоа е потребно, или би рекле неопходно. Позитивен пример којшто го треба сите да го следат. Но што се случувало додека еден пациент стигне во Zan Mitrev Clinic? Каде сè поминува барајќи спас за својот проблем? Кој се ќе му отвори или затвори врата?

Разговорот го започнуваме со ќерката Линдита која, сега веќе видно смирена и спокојна, за разлика од денот кога ја донесе својата мајка во нашата клиника, раскажува низ што поминале додека дошле тука.

- Штом слушнав дека мајка ми е болна веднаш дојдов од САД. Ја носевме по државни болници во Пеќ и Приштина но џабе. Никакви испитувања, никакви лекарства ништо не и дадоа на мајка ми додека лежеше по болниците. Знаевме дека само доживеала срцев удар и толку. По неколку драгоцени дена, изгубени по тамошните ходници, решив да ја донесам во Zan Mitrev Clinic - вели Линдита.

My alt text

Нејзината мајка Бахтија Лајчи се вклучува со лично сведоштво за работите

- Почнав да имам кочење на вилицата и болки во градите по што имав еден помал срцев удар и веднаш заминав на лекар во Пеќ. Тие веднаш ме препратија во болница во Приштина со брза помош. Кога таму ме примија докторите ме прашуваа кој ме пратил кај нив и зошто сум дошла. Дури се чувствував и виновна зошто сум дошла. Им велев дека не сум дошла по своја волја туку од голем проблем и за спас на животот. Докторот кој беше дежурен воопшто не сакаше да ме прегледа туку само рече дека сум добро. Таму бев 6 дена и не ми направија никакви испитувања туку само лежев во собата. Еден ден ми направија ЕКГ, еден ден ми зедоа крв и никакво друго испитување не спроведоа. Дури не ми ни кажаа дека сум за операција. Едноставно не сакаа да ме погледнат. Барем да ми дадоа некаква солуција каде да одам да се лекувам. Ништо. Кога ќерка ми праша зошто не ми прават коронарографија тие рекоа дека тоа не оди така и дека за тоа испитување листата е огромна и многу се чека. Откако ја увидов ситуацијата реков дека сакам дома. Овде немам никаква помош сакам дома, тоа им го реков. Тогаш одлучивме да дојдеме во Zan Mitrev Clinic каде што ме примија онака како што треба да се прими пациент па дури и повеќе од тоа. Овде под итно ми ги направија сите испитувања, не се чекаше ниту еден час. Истиот ден беше откриен проблемот, затнување на крвните садови, и веднаш беше закажана операција во вашата клиника по што ми беше поставен „бај пас“. Сега се чувствувам многу добро и веќе се подготвувам за дома - со насмевка ни раскажува Бахтија.

За Zan Mitrev Clinic слушнале од пријатели и роднини кои се лекувале тука како и од наши вработени по потекло од Косово. Знаеле дека станува збор за врвна медицинска нега и професионален тим опремен со најсофистицирана опрема што науката во овој момент го нуди на медицината, по што без колебање по денгубењето во државниот здравствен систем дошле во клиниката.

- Ни беа нудени и други болници како солуција но кога видовме дека таму работат истите доктори кои не нè ниту погледнуваа во државните решивме решението да го побараме на вистинското место оти немавме веќе време за губење. На мајка ми можеше сешто да и се случи. Јас ве најдов на Интернет и закажав преглед. На мајка ми операцијата помина фантастично и сега се подготвуваме за дома. Благодарам на целиот тим кој се грижеше за нас како да сме семејство. Јас живеам во САД и знам дека таму пациентот се третира како Бог а така е и тука во Zan MitrevClinic. Хигиената дури е подобра и од болниците во Америка а луѓето се подруштвени. Се е на највисоко ниво, блискоста, чувство на семејство е насекаде во болницата. Верувајте дека многу е важно тоа што докторите и другиот персонал го гледаме насмеан, расположен. Тоа многу значи за еден пациент. Пациентот се лекува и со насмевка, и со збор и со пријателски искрен поглед. Јас тоа тука го доживеав и драго ми е – завршува со разговорот Линдита. 

My alt text