Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

АРТРОСКОПИЈА

Вовед

АРТРОСКОПИЈАТА е хируршка процедура која ја користат ортопедските хирурзи за да ги визуелизираат, дијагностицираат и третираат проблемите во зглобот.

Зборот артроскопија потекнува од два грчки збора, „arthro“ (зглоб) и „skopein“ (бара). Терминот буквално значи „да бара во зглобот“.

При артроскопски преглед, ортопедскиот хирург прави мал засек во кожата на пациентот и потоа става инструменти со големина на пенкало кои содржат мали леќи и систем за осветлување за да се зголемат и осветлат структурите во зглобот. Светлината се пренесува преку оптички влакна до крајот на артроскопот кој се става во зглобот.

Со поврзување на артроскопот со минијатурна телевизиска камера, хирургот може да ја види внатрешноста на зглобот преку овој многу мал засек наместо голем засек потребен за операција.

Телевизиската камера поврзана со артроскопот ја прикажува сликата од зглобот на телевизиски екран, овозможувајќи му на хирургот да гледа, на пример, низ коленото. Ова му овозможува на хирургот да ја види `рскавицата, лигаментите и под чашката на коленото. Хирургот може да го одреди степенот или типот на повреда и потоа да го поправи или коригира проблемот, доколку е потребно.

 

ЗОШТО Е ПОТРЕБНА АРТРОСКОПИЈАТА?

Дијагностицирањето на повредите и болестите на зглобовите започнува со темелна медицинска историја, физички преглед и обично рендген. Може да бидат потребни дополнителни испитувања како што е снимање со магнетна резонанца (MRI) или компјутеризирана томографија (CT), како и скенирање.

Преку артроскопот се прави завршна дијагноза, која може да биде попрецизна отколку преку „отворена“ операција или од рендгенски студии.

Болестите и повредите може да ги оштетат коските, `рскавицата, лигаментите, мускулите и тетивите. Некои од најчестите состојби кои се утврдуваат при артроскопските прегледи на зглобовите се следните:

Воспаление

На пример, синовитис е запаление на мембраната на коленото, рамото, лактот, зглобот на раката или глуждот.

Акутна или хронична повреда

  • Рамо: Тетивата на ротаторната манжетна се кине, синдром на болен лак на рамото и повторливи исчанчувања
  • Колено: Се кине минискусот (`рскавицата), хондромалација (абење или повреда на перничето на `рскавицата) и предниот вкрстен лигамент се кине со нестабилност
  • Зглоб на раката: Синдром на карпален тунел
  • Лабави тела на коска и/или `рскавица: на пример, колено, рамо, лакт, зглоб на раката или глужд

Некои проблеми поврзани со артритис исто така можат да бидат третирани. Неколку процедури може да комбинираат артроскопска и стандардна хирургија.

  • Операција на ротаторна манжетна
  • Поправка или ресекција на скината `рскавица (менискус) од колено или рамо
  • Реконструкција на преден вкрстен лигамент во колено
  • Отстранување на воспалена мембрана (синовиум) во колено, рамо, лакт, зглоб на раката, глужд
  • Ослободување на карпален тунел
  • Поправка на скинати лигаменти
  • Отстранување на лабава коска или `рскавица во колено, рамо, лакт, зглоб на раката, глужд.

Иако внатрешноста на речиси сите зглобови може да се види со артроскоп, шест зглобови се најчесто испитувани со овој инструмент. Тие ги вклучуваат коленото, рамото, лактот, глуждот, колкот и зглобот на раката. Како што се постигнуваат напредоци во технологијата со оптички влакна и како што се развиваат нови техники од ортопедските хирурзи, други зглобови може да бидат третирани почесто во иднина.

 

КАКО СЕ ВРШИ АРТРОСКОПИЈА?

Артроскопската операција, иако е многу полесна во поглед на опоравување од „отворена“ операција, сепак бара примена на анестетици и специјална опрема во операционата сала на болницата или во амбулантската хируршка просторија. Ќе ви биде даден општ, спинален или локален анестетик, во зависност од зглобот или проблемот за кои постои сомнеж.

Ќе се направи мал засек (со приближна големина на отвор за копче) за да се внесе артроскопот. Може да се направат неколку други засеци на другите делови од зглобот или да се внесат други инструменти.

Кога е индицирана, корективната хирургија се врши со специјално дизајнирани инструменти кои се ставаат во зглобот преку помошни засеци. Првично, артроскопијата беше едноставно дијагностичка алатка за планирање стандардна отворена операција. Со развојот на подобри инструменти и хируршки техники, многу состојби може да се третираат артроскопски.

На пример, повеќето кинења на менискусот во коленото успешно може да се третираат со артроскопска операција.

После артроскопска операција, малите засеци ќе бидат покриени со преврска. Ќе бидете префрлени од операционата сала во соба за закрепнување. На многу пациенти им се потребни малку лекови за болки или воопшто не им се потребни.

Пред испуштање, ќе ви бидат дадени упатства за негата за вашите засеци, кои активности треба да ги избегнувате и кои вежби треба да ги направите за да си помогнете во закрепнувањето. За време на контролната посета, хирургот ќе ги провери вашите засеци; ќе ги отстрани конците, доколку се присутни; и ќе дискутира за вашата програма за рехабилитација.

Потребното време за операција и време за закрепнување ќе зависат од комплексноста на вашиот проблем. Повремено, за време на артроскопијата, хирургот може да открие дека повредата или болеста не може да се третираат соодветно само со артроскопија. Може да биде извршена продолжена „отворена“ операција додека се уште сте под анестезија или на подоцнежен датум откако ќе дискутирате за наодите со вашиот хирург.

 

КОИ СЕ МОЖНИТЕ КОМПЛИКАЦИИ?

Иако се невообичаени, компликациите повремено се случуваат за време на или после артроскопија. Инфекција, флебитис (згрутчувања на крвта во вена), прекумерно отекување или крварење, оштетување на крвните садови или нерви и кршење на инструмент се најчестите компликации, но се случуваат во многу помалку од 1 процент од сите артроскопски процедури.

 

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ?

Иако на артроскопската хирургија е посветено големо внимание од јавноста бидејќи се користи за третирање на многу познати спортисти, таа е екстремно вредна алатка за сите ортопедски пациенти и генерално е полесна за пациентот отколку „отворена“ хирургија. Повеќето пациенти имаат артроскопска хирургија како надворешни пациенти и се дома неколку часа после операцијата.

 

КАКВО Е ОПОРАВУВАЊЕТО ПОСЛЕ АРТРОСКОПИЈА?

За малите убодни рани потребни се неколку дена за заздравување. Оперативната преврска обично може да се отстрани утрото после операцијата и може да се нанесат лепливи ленти за да се покријат малите засеци кои заздравуваат.

Иако убодните рани се мали и болката во зглобот на кој била извршена артроскопија е минимална, потребни се неколку недели за зглобот целосно да се опорави. Може да се предложи специфична програма за активности и рехабилитација за да се забрза опоравувањето и да се заштити идната функција на зглобот.

Не е невообичаено пациентите да се вратат на училиште или работа или да продолжат со дневните активности после неколку дена. Спортисти и други лица кои се во добра физичка состојба во некои случаи може да се вратат на спортските активности после неколку недели. Сепак, запомнете дека луѓето кои имаат артроскопија може да имаат многу различни дијагнози и претходно постоечки состојби, така што артроскопската операција на секој пациент е единствена за тоа лице. Времето за опоравување ќе ја одрази таа индивидуалност.