Општа и естетска дерматологија
Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
- Дерматолошки преглед
- Дермоскопија
Дермоскопија
Дермоскопија е брз метод кој служи за преглед на пигментни (бенки) и непигментни промени на кожата, со кој се овозможува прецизен и ран скрининг на карциномот на кожа. Препораките се дека секој треба да барем еднаш во годината да направи скрининг на бенки. Навременото дијагностицирање на кожните карциноми може да значи и нивно комплетно излекување.
Криохирургија
Кожни биопсии (екцизиона и punch), алерголошки тестови (интрадермални, scratch и patch) кои се користат во дијагостика на контактните алергиски реакции, инхалативните и нутритивните како и медикаментозните несакани реакции.
Третман на хронични рани
Третман на хронични рани, рани од разни етиолошки причини како хронични артериски и венски улкуси , дијабетично стопало, декубитални рани, хируршки рани кои зараснуваат пер секундам, рани од физичи трауми како изгореници, подмрзнатини и радијациски улкуси. Третманот на раните се изведува со специјализирани преврски и озон терапија.
Hyfrecator2000
Повеќенаменска електрохируршка единица за безболно и прецизно отстранување на кожни израстоци, брадавици, третман на телеангиектазии. Третманот е неинвазивен се изведува во амбулантски услови без несакани ефекти како крварење и формирање на лузни.
Алерголошки тестови
HydraFacial е патентиран третман на лицето кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации. Познат е и како „хидрадермабразија“затоа што вклучува ексфолијација слична на микродермоабразија во комбинација со хидратантни серуми.
Овој третман е препознатлив по својот процес од три чекори и вклучува длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето. Оваа патентирана процедура може исто така да помогне и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки.
Целата постапка е неинвазивна и се изведува со механички апликатор кој поминува по вашата кожа и истовремено длабински ја чисти, ексфолира и нанесува серуми прилагодени на вашиот тип на кожа или зависно од проблемот кој го имате.
Кои се придобивки од HydraFacial третманот
HydraFacial ја подобрува целокупната текстура, тонус и изглед на кожата на лицето. Ова се должи на длабинската ексфолијација која ги чисти вашите пори, отстранувајќи ги нечистотиите и овозможувајќи подобра пенетрација на серумите за лице прилагодени на вашиот тип на кожа.
Видови третмани
Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни тетмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми.
- HydraFacial третман за акни
Техниките на микродермоабразија долго време се сметаат за ефикасни во третманите за акни и лузни од акни. Ова се должи на длабоката ексфолијација која помага да се отстранат мртвите клетките што ги затнуваат порите на кожата. - HydraFacial третман за комедони
Мртвите клетки на кожата исто така придонесуваат за појава на комедони. Овој неинфламаторен вид на акни може да ги користи придобивките од методите за пилинг и екстракција што се користат во Hydrafacial.
- HydraFacial третман за црвенило
Навистина е тешко да се најдат третмани доволно безбедни за оваа чувствителна состојба на кожата на лицето. Согласно резултатите од направената студија во 2006 година потврдено е дека папулопустуларна розацеа може да има бенефит од третманите со хидрадермоабразија.
- HydraFacial третман против стареење
Студија направена во 2008 година, потврдува дека оние кои примиле третман со HydraFacial имале значително намалување на знаците на стареење на кожата во споредба со оние кои користеле само серуми. Ефектите од HydraFacial биле: намалена големина на порите, помала хиперпигментација и намалени брчки.
Во последниве години, со голема популарност се здобија таканаречените филери (или дермални импланти). Тоа се продукти кои се вбризгуваат во кожата и на тој начин ги пополнуваат брчките, го зголемуваат волуменот на усните и ги ремоделираат контурите на лицето.
Користените филери се на базата на хијалуронска киселина – продукт кој природно влегува во составот на кожата. Поради тоа несаканите ефекти од нејзиното инјектирање се сведени на минимум.
Основна функција на хијалуронска киселина е да абсорбира и да задржува вода. Може да абсорбира вода и до 1000 пати од својот волумен. На тој начин таа ја привлекува водата и го оддржува нејзиното количество во меѓуклеточното пространтво, благодарение на коешто Вашата кожа се хидрира и се зголемува нејзиниот волумен.
Зависно од индивидуалниот метаболизам на секој пациент, хијалуронската киселина се разгладува со различна брзина, во интервал од 1 до 2 години. Во случај на мало надополнување (touch up) после првите 8-12 месеци, ефектот може да трае и подолго.
Ботулинскиот токсин наоѓа примена во естетската медицина како неинвазивна метода за израмнување на брчките на лицето и вратот. Брчките на челото, околу очите, околу устата и на вратот се јавуваат поради зголемена мимика, односно движење на мускулатурата и се продлабочуваат со текот на времето. Ботулинскиот токсин делува на релаксација на мускулатурата со што брчките биваат измазнети. Ова е начинот на делување на ботулинскиот токсин кој се инјектира во одреден мускул или мускулна група и превенира појава на брчки на местата со најизразена мускулна активност.
Претставува неинвазивен медицински третман кој со помош на раствори на киселини со различна концентрација врши отстранување на површинскиот слој на кожата. Со овој третман се подобрува текстурата на кожата, се отстрануваат постоечките пигментации, служи како третман на лузни од акни и се постигнува значителен ефект против знаците на стареење. Зависно од видот и концентрацијата на киселините постојат три типа на хемиски пилинзи, површински, средено длабок и длабок. За постигнување на најдобар ефект потребно е да се извршат од 4-10 повторувања на третманот.
Кожата како најголем орган во телото функционира како главна заштитна бариера кон околината, но истовремено кожата е прозорец преку кој гледаме во внатрешноста на организмот и огледало кое ги одразува случувањата во организмот, затоа секоја промена е важна и навремената дијагноза на дерматолошките промени значи целокупно здравје.
Претставува минимално инвазивна метода која се изведува со вбризгување на активни супстанци (витамини, минерали, амино киселини, медикаменти) во дермот и хиподермот на лицето, вратот, дланките како и мезотерапија на телото (како антицелулитна и липолитична терапија). Оваа терапија со взаемното дејство на механичката дразба како и уппотребата на активнити супстанци постигнува ефект на поттикнување на продукција на колаген и фибробласти, подмладување, избледување на пигментации и изедначување на тенот, отстранување на стрии и лузни од акни, поттикнување на раст на влакна при опаѓање на косата.
Светски докажан метод кој со помош на мала количина на крв од пациентот, која се обработува и се аплицира во кожата на пациентот служи за подмладување и ревитализирање на кожата на лицето, вратот и деколтето. Метод кој се користи и при опаѓање на косата.
FotoFinder – единствениот апарат со вештачка интелигенција за рано откривање на канцер на кожа преку комплетно мапирање на кожата
ФотоФајндер обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. Со ултра брзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подига на сосема ново ниво на квалитет. Самиот преглед е безбеден бидејќи се случува на оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6м што е особео важно во време на Covid-19.
Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на FotoFinder може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса (трихоскопија), капилароскопија или естетика.
Со помош на првиот дермоскопски систем за сликање FotoFinder се добива целосното мапирање на телото и дермоскопија со хигиенско растојание.
Кожата е најфасцинантниот орган на човечкото тело. Ја носиме на себе цел живот, преку неа чувствуваме и восприемаме, а и треба и да изгледаме убаво во неа. Кожата не’ заштитува одново секој ден. Токму оваа фасцинација од најголемиот орган-кожата ги мотивирала иноваторите од Фотофајндер преку континуиран развој да ја реализираат својата пасија да се грижат и да ја лекуваат кожата.
Последната иновација за рано откривање на рак на кожата го револуционизира мапирањето на бенки во пост-корона времето: Дермоскопското испитување на целото тело со помош на FotoFinder ги спојува целосното мапирање на телото (Total Body Mapping) и дермоскопијата. Притоа, со хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри до пациентот, прегледот може да се одвива во безбедно опкружување.
Новиот, ултрабрз работен процес ја визуелизира површината на кожата без рефлексија и со спектакуларен квалитет. Ова овозможува преглед на статусот на бенките на пациентот веднаш, без да имапотреба од правење на дермоскопска слика на секоја поединечна лезија. Благодарение на поларизираните, обработени, слики со висока резолуција, структурата на невусите достапна преку слика на целото тело.
Tехнологија на вештачка интелигенција за комплетно мапирање на кожата
Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI).
Токму Фотофајндерот со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии користејќи алгоритам базиран на ,,длабоко учење“ тестиран при клинички испитувања.
Дермоскопија со максимална хигиена
Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. FotoFinder medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент.
Особено во услови на пандемија на ковид-19, која трае подолго време, сигурни сме дека не сте направиле редовна контола и затоа би сакале да ве потсетиме дека особено во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!
Дали е возможен лифтинг без хируршки зафат? Одговорот е ДА! Возможно е со Ultherapy®
Третманот со Ultherapy® е неинвазивна постапка за лифтинг-подигање и затегање на кожата на лицето, вратот и деколтето, единствената која е одобрена од страна на FDA (Американската Федерална Агенција за лекови и храна).
Ultherapy® е ,,златниот стандард,, кога станува збор за нехируршки лифтинг и затегање на кожата согласно следните 3 параметри:
Начин на функционирање, голем број клинички докази и високото ниво на задоволство на пациентитие. Секако тука се бројните награди кои ги освојува секоја година во својата категорија како резултат на мислењата на релевантни медицинаки експерти и естетичари.
Поттикнете производство на колаген со Ultherapy®
Предностите на Ultherapy®:
• нехируршки третман
• го стимулира производството на колаген
• дава природни резултати
• еднократна постапка
Ulthera пренесува ултразвучна енергија на истиот слој на кожа што хирурзите-пластичари обично ја третираат со хируршки зафат. Со Ultherapy® ефектот се постигнува без сечење на површината на кожата. Токму оваа енергија ја активира природната реакција на телото за да го стимулира формирањето на свеж, нов колаген и да го зајакне слабиот колаген. Некои пациенти забележуваат ефект веднаш по третманот, но вистинските резултати се покажуваат после 2-3 месеци. Создавањето на колаген постепено ја затегнува и ја измазнува кожата на лицето и вратот и деколтето. Во споредба со ласерот, радиофреквенцијата и другите технологии, Ultherapy® продира под површината на кожата пренесувајќи оптимална енергија, температура со огромна прецизност во длабочината на кожата. Ultherapy® има уникатна визуелизација со ехо што овозможува ултразвучната енергија да се пренесува безбедно и на начин кој е најефикасен и каде што е најпотребно. Ultherapy® е интересана алтернатива за оние кои не се подготвени за операција и за пациентите кои сакаат да ги подобрат ефектите од естетската хирургија.
НАУЧЕТЕ КАКО ДЕЛУВА Ultherapy®
Со употреба на комбинирана технологија под ултразвук, Ultherapy® генерира термички ефект под кожата кој предизвикува вашето тело веднаш да започне со процесот за создавање свеж, нов колаген. А ултразвучното снимање, прецизно ги прикажува сите слоеви на вашето ткиво под кожата, така што вашиот дерматолог со помош на Ultherapy® може да го приспособи третманот согласно вашите потреби. Едноставно насочувајќи вистинска количина на енергија, на вистинската длабочина и секако со соодветна температура. Ова со сигурност овозможува енергијата да се достави до областите каде е најделотворно за вас.
Колагенот е природен протеин кој ја одржува кожата во форма и влијае на младешкиот изглед бидејќи ја одржува цврста и тонирана. Како старееме опаѓа продукцијата на колагенот и резултатот е губење на јачината и еластичноста на кожата.
Ultherapy® делува подлабоко за да го стимулира производството на сопствен колаген и еластин.
Може да се применува на следните области на лицето:
- над очните капаци
- во зоната на оразите
- подбрадок
- врат
- деколте
Согласно резултатите од бројните испитувања, докажано е дека производството на колаген по примена на Ultherapy® во просек пораснало за 50%.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Дали Ultherapy® е безбедна?
Да, Ultherapy® има добро воспоставен безбедносен профил. Ефектите се научно докажани со над 50 клинички студии. Моментално се продава низ целиот свет во повеќе од 78 земји. Изведени се над 1,5 милиони третмани на глобално ниво. Покрај тоа, ултразвучната енергија има докажана примена која во областа на медицината се користи повеќе од 50 години.
Како Ultherapy® се разликува од другите козметички процедури?
Ultherapy® е нехируршки козметички третман кој користи тестирана технологија со ултразвук за стимулација на формирање на нов колаген длабоко под површината на кожата. Третманот трае околу 30 до 90 минути, во зависност од третираната област, без потоа да има потреба од дополнително опоравување. Тоа е и единствената процедура при која се користи ултразвучно снимање, што им овозможува на лекарите всушност да ги видат слоевите на ткивото каде треба да се насочени третманите, а со тоа да се обезбеди депонирање на енергијата токму таму каде што ќе биде најкорисно.
Дали ќе треба да земам слободни денови?
Со Ultherapy®, нема пауза. По процедурата, можете да продолжите со вашите вообичаени активности веднаш, без да мора да следите дополнителни мерки по третманот.
Колку долго трае ефектот?
Бидејќи постапката го стимулира сопственото роизводство на колаген, колку долго ќе траат резултатите зависи од поединецот. Првичните резултати на затегнатост на кожата се видливи уште веднаш. Но, крајните резултати ќе дојдат до израз по вториот, односно третиот месец, како резултат на стимулираниот раст на новиот колаген и еластинот кои го надополнуваат/заменуваат старото ткиво кон кое бил насочен третманот.
Еден третман Ultherapy® може да даде траен ефект кој ќе се задржи повеќе од една година кај некои луѓе. Вашиот дерматолог ќе ве советува за веројатните исходи согласно возраста, состојбата и типот на кожа.
Какво е чувството при третманот со Ultherapy®?
Како што се испорачува енергијата од ултразвукот, може да чувствувате дека се депонираат мали количини на енергија на конкретна длабочина, стимулирајќи го процесот на создавање на колаген. Нивоата на лагодност/нелагодност варираат од личност до личност. Сензацијата трае само додека трае испораката на ултразвучна енергија