Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Детска хирургија

ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Церебралната парализа (CP) е нарушување кое влијае на способноста на детето да ги контролира своите мускули. Таа е предизвикана од оштетување или абнормалности во делови од мозокот кои се зафатени од движење и координација.

Во повеќето случаи, церебралната парализа започнува пред да се роди бебето. Понекогаш, церебралната парализа започнува при раѓање или за време на првите две години од животот. Првичите знаци за церебрална парализа вклучуваат одложувања во исполнувањето на фазите на развој, како што се учење да се превртуваат, да седат, да ползат или да одат.

Иако нема лек за церебрална парализа, нарушувањето не се влошува како што расте детето. Раниот третман, како што е физикална терапија, лекови, потпори и други помошни уреди, може значително да им помогне на децата да ги подобрат своите функционални способности.

Причина

Кај повеќето деца со церебрална парализа, не може да се одреди како се случуваат проблемите во мозокот. После раѓање, инфекција и повреда на главата може да бидат фактори кои придонесуваат. Прерано родените бебиња и оние со ниска тежина при раѓање се изложени на поголем ризик за церебрална парализа.

Опис

Физичките попречености поврзани со церебрална парализа можат да бидат благи, умерени или сериозни. Некои деца можат да одат независно, додека други имаат потреба од помошни уреди, како што се патерици или одалки. Некои деца со церебрална парализа имаат потреба од инвалидски колички за мобилност.

Типови на церебрална парализа

Постојат четири главни типови на церебрална парализа. Докторите обично можат да го дијагностицираат типот на церебрална парализа кога детето е на возраст од околку две години.

  • Спастична. Најчестата форма на церебрална парализа е спастична церебрална парализа, во која детето има зголемено мускулен тонус/цврстина. Нозете, рацете и грбот на детето се вкочанети и згрчени што го прави движењето тешко.Доколку двете нозе се зафатени (спастична диплегија), цврстите мускули во колковите и нозете честопати предизвикуваат нозете да се свртат навнатре и да се прекрстат кај колената при одење, што се нарекува „положба на ножици“.Доколку е зафатена една страна од телото (спастична хемиплегија), раката честопати е посериозно зафатена од ногата.Доколку се зафатени сите четири екстремитети и телото (спастична квадриплегија или вклучено цело тело), самостојното одење може да биде тешко или дури и невозможно. Покрај тоа, мускулите на устата и јазикот може исто така да бидат зафатени правејќи го голтањето и јадењето тешко.
  • Атетоидна (дискинетичка). Детето со церебрална парализа има низок мускулен тонус/лабавост, што ги прави екстремитетите слаби и лабави. Атетоидната церебрална парализа предизвикува неонтролирани и неволни движења на целото тело. Може да биде тешко за детето да седи исправено или да оди.
  • Атаксична. Оваа ретка форма на церебрална парализа влијае на перцепцијата за рамнотежа и длабочина. Има слаба координација, нестабилно одење и потешкотија со прецизни движења, како што е употреба на пенкало или закопчување кошула.
  • Мешана. Кај мешаната церебрална парализа, има симптоми на спастична и атетоидна церебрална парализа. Некои мускули се цврсти и други се лабави. Има вкочанетост и неволни движења.

Други нарушувања поврзани со церебрална парализа

Покрај тоа што влијае на мускулите и моторните вештини, церебралната парализа може да предизвика други нарушувања кај некои деца. Тие вклучуваат:

  • Ментално нарушување (како што е интелектуална попреченост или попреченост за учење)
  • Потешкотии со видот
  • Скратени екстремитети
  • Искривување на `рбетот (сколиоза)
  • Проблеми со забите
  • Целосна или делумна загуба на слухот
  • Проблеми со зглобовите (контрактура)

Преглед од доктор

Медицинска историја и физички преглед Дајте му на вашиот доктор целосна медицинска историја од вашето дете. Ова може да помогне да се спречат други нарушувања кои можат да предизвикаат проблеми со движењето, како што се генетички или мускулно заболувања, нарушувања на метаболизмот и тумори на нервниот систем. Ва

Нехируршки третман

Физикална терапија. Физикалната терапија може да се препорача кратко откако ќе се направи дијагнозата со цел да му помогне на вашето дете да научи вештини како што се седење, одење или користење инвалидска количка. Исто така може да помогне да се подобри мускулната јакост, рамнотежа и координација, како и да се спречи мускулите да станат премногу цврсти. Физикалната терапија може да вклучува забавни активности за тонирање на мускулите, како што се пливање и јавање.

Потпори, имобилизатори (лонгети) и гипс. Употребата на потпори, имобилизатори или гипс може да го подобри опсегот на движење во зглобовите и стабилноста на зглобот, да спречи контрактура и да ја подобри функцијата на раката или ногата. Потпорите може да надоместат за мускулна нерамнотежа.

Ботокс. Овој лек може да се инјектира во спастичните мускули за да се олабават. Особено е корисен за деца помлади од 5 години и кога се користи во комбинација со гипсирање.

Лекови. Некои лекови кои може да ги препише вашиот доктор можат да контролираат или спречат напади или мускулни спазми, да ја олеснат вкочанетоста на мускулите или да ги намалат абнормалните движења.

Хируршки третман

Доколку контрактурите се сериозни, операцијата за продолжување на зафатените мускули може да ја подобри способноста на детето да оди и да зборува. Оваа операција исто така може да помогне доколку силно затегнатите мускули предизвикуваат напрегање на зглобовите и водат до деформитети или поместувања.

Некои деца со церебрална парализа имаат потреба од операција за правилно да ги позиционираат своите раце или нозе или да го коригираат искривувањето на `рбетот (сколиоза).

Сериозната спастичност (спастицитет) и вкочанетост на мускулите може да биде потпомогната со интратекална баклофен пумпа. Во оваа процедура, мала пумпа хируршки се вградува под кожата за да испорача дози на мускулен релаксант.

Доколку другите третмани не можат ефективно да се справат со сериозната спастичност, вашиот доктор може да ви препорача селективна дорзална ризотомија. За време на оваа операција на `рбетот, се сечат специфични нерви кои ги контролираат спастичните мускули за да помогнат мускулите да се опуштат, како и да ја ослободат поврзаната болка. Овој конкретен тип на хирургија се врши ретко