Диетологија и нутриционизам

Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
Одделот за диетологија и нутриционизам во Жан Митрев Клиника е целосно посветен да обезбеди висококвалитетна услуга и поддршка за пациентите при совладување на здрави навики во исхраната.
Согласно потребите на пациентите во стационар и амбуланта, одделот за нутриционизам ги врши следните услуги:
Персонализирана исхрана на пациентите пред и постоперативно. Знаејќи ја важноста на исхраната за правилно и брзо опоравување после секоја операција, диетотерапијата представува основна поддрша за секој пациент.
Нутриционист прави проценка за нутритивните потреби при комплексна здравствена состојба.
Пациентите добиваат совети како полесно да ја прилагодат исхраната после отпуст во домашни услови.
Одделот за нутриционизам овозможува советувања, програми и диетотерапии за пациенти кои сакаат да добијат персонализирано мени и постигнат одредени промени.
Базирани на научно ниво со докажани резултати од светските здруженија за диетотерапија ги нудиме следните услуги:
- Програма за забрзано намалување на телесна маса со цел побрзо опоравување од одредени заболувања
- Програма за правилна редукција на телесна маса
- Програма за одржување на здрав живот и виталност
- Програма за детоксификација и прочистување
- Програма за бремени жени и доилки
- Програма за задржување и зголемување на мускулна маса
- Програма за намалување на масно ткиво
- Програма за одредени алергени и нетолеранции
- Специјализирани програми за кардиоваскуларни болести
- Програма за менаџирање со болести на гастроинтестинален тракт(чир, воспаление, хемороиди…)
- Безглутенски програми
- Програми за преминување кон вегетаријански или вегански начин на исхрана
- Програма за исхрана за ГИХТ
- Програми за исхрана при дијабет
- Начин на исхрана кај бубрежни заболувања
- Програма за хипер и хипо тиреоизам
- Нутригенетика и генетска склоност кон дебелина(лабараториски испитувања на 6 гени кои дирекно покажуваат кој процент на масти, јагленихидрати и протеини е потребно секој пациент да ги внесе за да се постигне посакуваната цел).
Одделот за нутриционизам во соработка со ресторанот МедПулс кој се наоѓа на третиот кат од болницата Жан Митрев изготвува специјализирани мениа за пациентите кои не се во можност храната да ја подготвуваат дома. Високо специјализирана кујна со врвни шефови и подготовка на храна со задршка на сите нутритиенти.
Сите услуги и програми кои се изработуваат со амбулантско советување може да се подготват во ресторанот по вредности препишани од нутриционист.
Ваквиот тип на диетотерапии се базираат на 30 дневни мениа изработени според потребите на пациентот, свежо подгтвени и се доставуваат до домот – доколку пациентите живеат во Скопје.