Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Кардиоваскуларни болести

Претскажувачкото генетско тестирање за срцеви болести претставува испитување на здрава личност и се користи со цел да се определи идниот ризик за развивање на срцева болест. Овие тестови претставуваат нова и растечка класа на медицински пристапи, коишто фундаментално се разликуваат од стандардните дијагностички тестови. Предноста на овие тестови лежи во раната идентификација на ризик за развивање на одредена кардиоваскуларна болест. Овие типови на тестови обично откриваат генски мутации поврзани со срцеви болести коишто се манифестираат после раѓање, најчесто подоцна во животот. Овие анализи може да помогнат во намалување на ризикот за развој на овие болести со воспоставување на промени во начинот на живеење.