Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Колоноскопија

Колоноскопија е процедура со која се гледа внатрешноста на колонот (дебелото црево).

Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

На почетокот ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. Колоноскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата за детално испитување, да се отстранат полипи, или да аплицира соодветни лекови. Кога се прегледува само почетниот дел од цревото процедурата се нарекува ректоскопија.

Со колоноскопија можат да се потврдат или исклучат следниве состојби:

  • Хемороидални јазол
  • Полипи
  • Дивертикули (проширувања на дел од ѕидот на дебелото црево)
  • Синдром на нервозни црева
  • Воспалителни заболувања на дебелото црево како што се улцерохеморагичниот колит или болеста на Крон
  • Рак на дебелото црево