Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Молекуларна дијагностика на патогени

Модерните анализи коишто се базирани на детекција на нуклеински киселини (ДНК или РНК) нудат значителен број на предности во споредба со традиционалните методи за детекција на патогени. Овие процедури детектираат вируси, бактерии и паразити многу побрзо и со многу поголема сензитивност и специфичност од конвенционалните методи. Следствено, причинителот на болеста се открива многу побрзо и попрецизно и овозможува администрирање на соодветна терапија во најбрз временски период.

  • Хепатитис Ц (со квантификација)
  • ХИВ (со квантификација)
  • Хепатитис Ц/ХИВ/Хепатитис Б (сите три во еден тест)
  • ХПВ (детекција и типификација)
  • Сексуално преносливи болести (9 истовремено) – C.trachomatis, N.gonorrhoeae, M.genitalium, HSV1, HSV2, T. pallidum, U.parvum, U.urealyticum, M.hominis
  • TORCH болести (за бремени жени) – T.gondii, HSV1, HSV2, T. pallidum, Rubella, CMV, Parvovirus
  • Helicobacter pylori
  • Сепса