Неврологија и невропсихијатрија
Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
Дијагноза и третман на:
- Невротски нарушувања,
- Психосоматски растројства
- Постравматско стресно растројство
- Хроничен стрес, несоници
- Паничен страв,
- Фобични состојби
- Психооргански нарушувања
- Дементни состојби
ВЕП – е неврофизиолошки метод при кој со светлосни стимули се испитува трансмисијата од ретината до видната кора .
Индикации :
- лезии на оптичкиот нерв; видните патишта
- лезии на ниво на хијазма; видната кора, кортикално
- слепило
- диференцирање на васкуларните од демиелинизаторни
- лезиии докажани на НМР
- мултипла склероза – 90% е позитивен наод при клинички и субклинички лезии, служат за дијагностички критериуми
- дијабетична ретинопатија, ретробулбарен неврит и др.
СЕП – e софтифицирана неврофизиолошка метода која служи за рано откривање и локализирање на скриени или манифестни сензорни (осетни) оштетувања на сензорниот систем, од периферијата кон централниот нервен систем.Тоа е тест за висинската локализација на оштетувањата на сензорните патишта. Се користат површни диск електроди кои се лепат вдолж нервните стебла од нозете или рацете кичмата и се регистрира сумарен потенцијал од скалпот над соматосензорната регија. Целосно е безбедна и безболна метода, можe да се повторува многу пати.
Индикации :
- рано откривање на мултипла склероза о 80% е позитивен наодот ;
- трауматски или компресивни оштетувања на различни нивои на рбетниот мозок и повреди на мозокот ;
- цереброваскуларни заболувања и слично
БАЕП е безболен и многу прецизен метод во диференцирањето на оштетувањата на слушниот пат. Може да се користи повеќекратно и да се следи прогнозата на заболувањето.
Индикации:
- вртоглавиците и пореметувањата на рамнотежата;
- мозочни удари на мозочното стебло;
- каротидна болест;
- демиелинизаторни заболувања;
- дегенративни заболувања;
- неурином на н. Акустикус и тумори на понтоцеребеларниот агол;
- диференцирање накоматозни состојби и мозочна смрт.
Евоцираните потенцијали се предизвикани потенцијали со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.
Зависно од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се: Видни евоцирани потенцијали – ВЕП: Слушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло – БАЕП: Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП.
Тегобите кои со ова метода можат да се „расветлат” се сметни на видот (ослабен и изгубен вид) сметни на слухот (ослабен и изгубен слух, “зуење” ) и сензитивни системи (отрпнатост, „боцкање”, „палење”, „трпнење” и сл.)
Испитувањето е безболно, за неговата припрема нема апсолутни контраиндикации. Припремата опфаќа чиста коса, без гелови. На денот на снимањето потребно е лицето да јаде и да не прима седативи.
ЕЛЕКТРОЕНЦЕФАЛОГРАФИЈАТА (ЕЕГ) е метод кој ја испитува функцијата на мозокот. Тоа е неинвазивна техника со која се регистрираат биопотенцијалите од мозокот преку черепот, со помош на површински електроди или ЕЕГ капи.