Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП

СЕП – e софтифицирана неврофизиолошка метода која служи за рано откривање и локализирање на скриени или манифестни сензорни (осетни) оштетувања на сензорниот систем, од периферијата кон централниот нервен систем.Тоа е тест за висинската локализација на оштетувањата на сензорните патишта. Се користат површни диск електроди кои се лепат вдолж нервните стебла од нозете или рацете кичмата и се регистрира сумарен потенцијал од скалпот над соматосензорната регија. Целосно е безбедна и безболна метода, можe да се повторува многу пати.

Индикации :

  • рано откривање на мултипла склероза о 80% е позитивен наодот ;
  • трауматски или компресивни оштетувања на различни нивои на рбетниот мозок и повреди на мозокот ;
  • цереброваскуларни заболувања и слично