Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Стационарно лекување

Одделение

Овој оддел обезбедува комплетна предоперативна подготовка на хируршките пациенти по светски стандарди за квалитет и медицинска грижа, нега и рехабилитација кои осигуруваат комплетно заздравување на пациентот после операција.

Во зависност од типот на сместувањето ова одделение располага со:

  • 16 апартмани на 1 кат
  • 12 апартмани на 3от кат (2 луксузни и 10 стандардни апартмани)

Во нив може да се користи Интернет, ТВ, храна од А-ла карт мени, 24 – часовна медицинска и сервисна услуга.

Апартманите се одлика за перфекцијата во целокупната грижа за здравјето на пациентите кои обезбедуваат хотелски амбиент кој се рангира со 5 ѕвезди. Апартманите нудат комплетна приватност со техничка поддршка за целосна интензивна нега.

Полуинтензивна нега

Одделот за полуинтензивна нега нуди можност за третман на пациентите кои имаат потреба од континуиран мониторинг и иследување. Овој оддел ги згрижува и пациентите по оперативен зафат и по одвикнување од машина за дишење, каде се надгледува и обезбедува комплетното заздравување на пациентот. На ова одделение се спроведува најсовремена евалуација и третман на болести на срцето, болести на крвните садови на вратот и нозете, болести на респираторниот систем, ортопедски болести, гастроинтестинални и уролошки заболувања.

Одделот за полуинтензивна нега располага со 5 апартмани, 3 соби со по 6 кревети и 1 соба со 3 кревети и сите овие се опремени со најсовремен систем за инвазивен и неинвазивен мониторинг од Филипс.

Оддел за интензивна нега и лекување

Одделот за интензивна нега и лекување е сместен на вториот кат, организиран во 6 соби со по 4- 6 кревети (во зависност од потребите) и две изолациски (или приватни) соби со по 1- 2 кревети. Наменет е за пациенти по поголеми хируршки зафати, повреди или критична болест. За нашиот персонал пациентот бил и останува во центарот на нашето внимание, но знаеме дека пациентот не е единствениот кој е засегнат од состојбата туку и блиските членови на семејството.

Модерниот пристап во лекувањето на нашите пациенти е овозможен благодарение на најсовремената апаратура со која е опремено секое пациент-место: инвазивен и неинвазивен Филипс мониторинг; машини за механичка вентилација; вакуум дренажи и аспирации; најновата генерација на инфузомати и перфузери; централен довод на гасови; модерен систем за повик на сестра; централна климатизација; На одделот се прави редовна контрола на гасните анализи во крвта; ехокардиографија (трансезофагеалната по потреба); интрааортална балон пумпа; континуирана вено – венска хемофилтрација; и многу други процедури, во зависност од потребите на пациентите, користејќи најнова генерација на медицински апарати и помагала. Просториите од овој оддел се одликуваат со висок степен на чистота на воздухот, исто како и во оперативниот блок, благодарение на Хепа филтрите.

За здравјето на пациентите, за беспрекорно функционирање на одделот се грижи тим на високо стручни кадри, секој во својата област. Нашиот тим се стреми кон беспрекорна нега и третман. Благодарение на континуирана едукација на медицинскиот персонал и високите стандарди за квалитет, медицината базирана на докази е стандард во работењето а безбедноста на пациентот и превенцијата од интрахоспитални инфекции се наш приоритет.