Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Валвуларна хирургија

Вовед

Што е операција на срцеви валвули?

Валвуларна хирургија или операција на срцева валвула се прави со замена или реконструкција на срцевата валвула која не „работи“ правилно. Повеќето замени на валвулите ги вклучуваат аортните и митралните валвули. Аортната валвула ја разделува левата комора (вашата главна пумпа на срцето) и аортата (најголемиот артериски крвен сад кој ја носи крвта во васето тело). Митралната валвула ја разделува левата предкомора со левата комора.

  • Четирите валвули во вашето срце го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ вашето срце.
  • Доколку дојде до заболување на валвулата или оштетување, можна е потреба од замена со артифицијална, механичка, валвула како што е прикажано.

Што прават срцевите валвули?

Четирите валвули во вашето срце се направени од тенок (но јак) слој на ткиво кои се отвараат и затвараат кога вашето срце пумпа. Тие го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ вашето срце. Вашите валвули „работат“ напорно бидејќи се отвараат и затвараат со секое отчукување на вашето срце.

 

Кои типови на валвуларни проблеми постојат?

Проблемите на срцевите валвули го тераат срцето да работи тешко. Ова може да доведе до срцева слабост. Кај некои случаи, валвулите:

  • Не се отвараат доволно (стеноза).
  • Не дозволуваат доволен проток на крв низ нив (исто така наречена стеноза).
  • Не се затвараат соодветно и дозволуваат проток кога не треба да има. Ова се нарекува инсуфицинеција или регургитација.
  • Пролапс – залистоците на митралната валвула не се затвораат соодветно (најчесто кај жени). Како што се создава притисок во внатрешноста на левата комора, ги притиска залистоците на митралната валвула назад во левата предкомора, што може да доведе до мало пропуштање во прокот.

Што може да ги предизвика проблемите со валвулите?

  • Мали вродени срцеви дефекти кои не се корегирани може да се влошат подоцна во животот и да создадат проблеми
  • Стареењето може да ги ослабе или зајакне валвулите.
  • Одредени заболувања може да ги оштетат или уништат валвулите.

Што може да се направи?

  • Редовни годишни прегледи кај вашиот доктор, здрав начин на живот или медикаментозна терапија може да бидат доволни.
  • Кај некои случаи, може да биде потребна операција за корегирање на оштетената валвула.
  • Понекогаш валвулата мора да биде извадена и заменета со нова артифицијална валвула.Прашајте го вашиот доктор за употребата на различните типови.

 

Како изгледа операција на валвула?

 

Како изгледа операција на валвула?

Кај некои проблеми на срцевите валвули, најдобар третман е операција. Вашиот доктор ќе ви објасни нешто повеќе, но еве неколку работи кои може да ги очекувате:

  • Ќе спиете во текот на операцијата која ќе трае 3-5 часа.
  • По операција ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега.
  • Вашата фамилија ќе може накратко да ве посетува на одделот за интензивна нега

Што потоа?

  • По интензивна нега, ќе бидете сместени во одделенска соба
  • Ќе се чуствувате изнемоштено и со болки поради резот.
  • Ќе треба да дишите длабоко и да кашлате силно за да се чистат вашите бели дробови од течности.
  • Ќе ви бидат дадени медикаменти
  • За ден/два ќе можете да седите и ќе почнете со шетање наоколу.
  • Може да јадете нормално, но може да има рестрикции на внесот на соли
  • Ќе се чуствуваве секој ден по малку подобро и посилно.

Како може да дознаам повеќе?

  1. Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
  2. Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.

Поврзани услуги

МИТРАЛНА ВАЛВУЛА