Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.09.2018

ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ

Фармацевтите се здравствени професионалци кои може да ја имаат значајната улога во обезбедување на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат менаџмент на терапијата со лекови, давање на совети за здравјето и превенција од болести, како и примарна здравствена заштита.
Во целиот свет, денес, на 25ти септември, се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИ! Овој ден е основан од страна на Интернационалната фармацевтска федерација – ИФФ (International Pharmaceutical Federation – FIP). Тоа е Светска федерација која претставува три милиони фармацевти и фармацевтски научници, со цел да го потсети општеството за непроценливата улога на фармацевтите и фармацевтските научници како интегрален дел од здравствениот тим.
Целта на Светскиот Ден на фармацевтите е организирање на активности за промовирање и залагање за улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето ширум светот.
Интернационалната фармацевтска федерација секоја година одбира приоритетна област како тема за Светскиот ден на фармацевтите. Овој пат, мотото за 2018 година гласи „ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ВАШИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ЛЕКОВИ“.
Со оваа тема се нагласува дека фармацевтите се сигурен извор на знаење и совети, не само за пациентите, туку и за другите здравствени работници.
Ова ќе биде 8ти-от Светски ден на фармацевтите и истиот ќе се искористи од страна на членовите на Интернационалната Фармацевтска федерација од целиот свет за да се потенцира влијанието и вредноста на фармацијата како професија, како и улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето.