Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

20.07.2017

Овде добивам грижа и внимание, каква што само би можела да посакам

Кај Дарка Јанева (57) беше направена коронарна бајпас операција од д-р Жан Митрев и по успешната интервенција таа се опоравуваше на полуинтензивна нега.  Дека Дарка ги имаше освоено симпатиите на тимот од одделението за полуинтензивна нега се уверивме кога влеговме во нејзината соба каде ја прегледуваа. Таа веќе чекаше на нашиот разговор…

Дарка беше донесена од Заводот за рехабилитација “Бања-Банско“, Струмица. Нејзината дијагноза, детска церебрална парализа, не го спречи доктор Жан Митрев да изврши операција на отворено срце, поточно аорто-коронарен бајпас.

“Многу сум благодарна на сите во болницата. Толку внимание и грижа ми посветуваат, што многу ми значи. Ова е нешто различно од тоа што го знам и со кое живеам со години. Овде ми помогаат и да станам, и кога треба да јадам. Овде немам никакви нервози“, со искреност зборуваше Дарка која поради проблемот со слухот зборуваше погласно. Ни раскажа и за нејзиното родно место с.Павлешенци, Свети николско, за нејзините внуци од брат кои доаѓаат да ја посетат во Банско, Струмица. “На тие средби се радувам најмногу“, дополни таа.

Грижата за секој пациент е подеднаква во Специјализираната болница по хируршки болести „ЖАН МИТРЕВ“.  Пациентката Дарка поради нејзината примарна дијагноза, претставуваше уште еден предизвик за целиот тим на болницата Жан Митрев. Таа добиваше 24 часовна грижа и нега од тимот на полуинтензивна нега. Особена грижа добиваше од тимот физиотерапeвти, кои го користеа секој слободен момент да го посветат на неа… Од д-р Митрев доби подарок Aztec HEART кардиоторакалeн градник за побезбедно заздравување на градната коска и раната на градниот кош. Бидејќи ги освои и нашите симпатии, и ние како немедицински тим, ја посетувавме и си разговаравме.  Ја испративме со надеж за побрзо опоравување.