Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Вработени

Новата болница, отвори големи можности и нови работни места. Започнувајќи со мал тим ефективен тим кој константно се надградуваше и обучуваше низ годините, бројот на вработени денес достигнува до 241 вработени. Предизвикот да се задржи титулата пионери во регионот, ја наметнува потребата овој број на вработени да се зголемува во иднина со цел да се обезбеди уште поквалитетна медицинска услуга.

Сепак, капитално обележје на оваа болница е едуциран медицински персонал и организирана тимска работа, која се одликува по примената на највисоките европските стандарди и норми.

Во болницата има 212 вработени, од кои 52 лекарски медицински персонал и 45 специјалисти од областа на кардиоваскуларната хирургија, кардиологија, интензивно лекување, анестезија, ортопедија, урологија, интерна медицина, неврологија, трансфузија, микробиологија, биохемија, психологија. 90 лица кои се средномедицински персонал, меѓу кои 10 дипломирани на факултетот за медицински сестри, 7 физиотерапевти , 10 болничари.