Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Зграда и опкружување

Зголемената работа и фреквенција на пациенти, барање на услуга повеќе од стручниот кадар,  природно резултираше во зголемување на доверба на пациентите во работата на тимот на д-р Жан Митрев. Од друга страна, тоа ги истакна недостатоците од недоволниот простор за згрижување на сите пациенти, што беше доволно цврст аргумент за отпочнување со градба на нов објект за болницата “Филип Втори“. Основачот на болницата ги удри темелите на објектот во 2013 година, кога почна изградбата на новата болница. По три години, таа прерасна во ултра модерна болница од светски ранг, која според уникатноста на градбата е значајно обележје на главниот град, Скопје. Специфичноста на градбата се воочува уште од надвор, истакнувајќи го несекојдневниот спој на естетски обликувана ултра модерна фасада која на централниот влез од објектот, прави поврзување на македонското културно наследство со високата технологија на 21 век.

Болницата е сместена на земјишна површина од 9.000 м2, со ефективна корисна површина од 17. 000 м2. Стартот на изградбата на објектот беше успешен и целиот процес се одвиваше во забрзано темпо. Карабината на објектот беше поставена за неполни 4 месеци, а на тоа претходеше високо стручна обработка на земјиштетото и максимално високо обезбедена хидроизолација. Според проектниот план и начинот на организација, болницата е поделена на четири ката, плус покрив каде што е сместена целата машинерија за климатизација. Со цел брза, комотна циркулација на пациентите, персоналот, како и останати логистички потреби, болницата е организирана со четири пристапи. Болницата е изведена со 4 пристапи за комотна циркулација на сите кои влегуваат и излегуваат од неа. Преку главен влез, влез за лица со посебни потреби кој воедно е организиран и како влез на итни болни и директен пристап кон итната служба, службен влез и помошен страничен влез. Преку посебниот економски влез се обезбедува ефикасно функционирање на економскиот и комерцијален дел од објектот, управување со медицинскиот и комуналниот отпад, набавки, сервисирање итн. Овој сервисен влез во целост придонесува кон непречен проток на луѓе и возила и кружно сообраќајно движење.

Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден  да ги  задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето. За две години од карабина се изгради новиот објект според највисоките светски стандарди и норми за ЕКО – болничка зграда, т.н ЗЕЛЕНА ЗГРАДА.

Чистиот воздух во објектот се обезбедува преку клима-коморен систем. Целокупната опрема е  набавена од светски реномираната фирма ТРОКС. Проектниот план на овој дел од машинството е креиран преку користење на топлински пумпи и експолатација на енергијата од подземните води.  Според коефициент на пресметка 80% од затоплувањето и ладењето на воздухот во зградата се обезбедува преку енергијата од топлинските пумпи со што максимално се заштитува околината и животната средина. За комплетна логистика постои и систем на гас (гасна станица) , како и систем на струја.

Објектот е од затворен тип, со комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух, се со цел за максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Изграден е од армирано-бетонска конструкција затворена со фасада која има карактеристики на висока енергетска ефикасност и коефициент на пропустливост од 0.6. Фасадата е комплетна стаклена со плански изведена изолација за задршка на топлината и одржување на константна температура во објектот. Овој избор на фасадно решение обезбедува максимална дневна светлина. Посебно внимание е посветено на светлината и амбиенталноста на секој простор согласно намената на истиот, преку транспарентни и нетранспарентни делови на фасадата.

Архитектурата, примената на квалитетни градежни материјали при изградбата на објектот, вградената опрема за вентилација, осветлувањето , последните изданија на медицинска “смарт“опрема, техника, одржување на високо ниво на хигиена, до детал осмислен и функционален, како медицинскиот така и административниот дел, се епитетите кои се препознатливи за специјаланта болница “Филип Втори“. Импресивноста која произлегува од грандиозноста на објектот е приказна сама за себе, посебна за секој оддел од болницата.

Во однос на архитектонско-градежните решенија кои се инкорпорирани во целокупниот објект на болницата особено е за истакнување оперативниот блок, изграден од модуларни панели. Тоа значи инсталирање на операциони сали кои се адаптирани, вградени во просторот што согласно проектниот план бил предвиден за оперативниот блок. За прв пат во Македонија, специјално за просторот се изработени т.н. СХД или модуларни сали. Со оваа исталација, болницата “Филип Втори“ станува референтен центар за СХД на Балканот, светска тенденција во медицината. Иако комплексна и финансиски висока инвестицијата која е направена со овие сали е со долгорочни бенефити.

Операциони сали од ваков вид се печат со кој се потврдува максимално исполнување на стандардите за стерилност и хигиена , кои се императив при оперирањето на пациентите. Во конструкцијата на панелните ѕидовите се поставени стаклени отвори преку кои се овозможува влез на дневна светлина и набљудување во внатрешноста на салата. Овие светлосни отвори во себе имаат вградено ролетни (шалозини) кои се активираат доколку е потребната темнината во салата при одредени операции. Салите се опремени со „ Дрегер“ ампели и операциони светла, „Трумп“  операциони столови, 4 „Сорин“ машини за ЕКЦ, како  и 4 пресални места за вовед во анестезија, опремени со анестезиолошки мониторинг машини и “Дрегер“ светла.

Максимална безбедност на водата и воздухот

Големо внимание и инвестиција се насочени во системите за водоснабдување, ладење и греење, како и на најважното во една здраствена установа , хигиената. За тие цели е применета технолгијата на хепа филтрирање на воздухот, што е потврда за максимална безбедност за пациентите и персоналот. Водоснабдувањето е изградено со електронски контролиран систем од фирмата  „Грундфос“, кој гарантира безбедност, како и превенција од евентуално загадување на чистата вода. Направена е максимална заштита од можност на загадување на стоечката вода, со што е постигната и највисока превенција од  појава на микрозагадувања. Поставени се и електронски контролни станици за квалитет на вода. Чистата и канализационата вода се одвоени преку посебни цевни системи, сместени во стратешки поставените канали за да се избегне било каква хаварија во обејктот.

За потребите на објектот се изведени шест бунари за користење на подземна вода и три бунари за поврат на вода, со што максимално се користи енергијата од подземните води како обновлив извор на енергија, по што се враќа назад во природата, без да предизвика никакво негативно влијание врз животната средина. Во објектот се вградени инсталации за довод и одвод на вода преку цевен систем произведен по најсовремена методологија, со трослојни полиетиленски материјали, заради обезбедување на хигиенски проток и квалитетна вода, како и минимум губиток на топлинска енергија. Цевниот систем е со термичка заштита и обезбедува голема константност во одржување на топла и ладна вода, што во крајна линија штеди енергија за загревање на санитарна вода која е основен услов за непречено функционирање на објектот.

Системите за греење и ладење кои се вградени во болницата се со предзнак- максимална грижа за енергетска ефикасност и примена на ладилни греди како најсовремени системи и докажани системи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди.

Доводот на воздух е преку клима комори во т.н. хигиеник изведба, што овозможува објектот да има чисти простори валидирани по највисоките стандарди за ваков вид на простори. Чистите простории се со класа А и класа Б.

Енергетскиот блок е со 100% резерва и целосна заштита со УПС, што исклучува било каков ризик од застој во работењето. Електроснабдувањето обезбедува континуиран струен напон за сите апарати кои се инсталирани во болницата. Распоредот на струјната мрежа е сигурносен со примена на специјални огненоотпорни материјали за изолација на струјниот мрежен систем.

Зградата располага со информатичка мрежа чиј капацитет овозможува поврзување на целокупната PC компјутерска мрежа, вклучувајќи ја медицинската и логистичката апаратура ( стерилизација, кујна и перална) медицински алармниот и пациент безбедносен систем (nurse call). Мрежата го покрива и пристапниот влезен систем со електронска најава на влезните врати и видео болнички пропишаниот мониторинг.

Објектот е опремен со високо технолошки систем за противпожарна заштита, што придонесува за максимална безбедност при евентуална евакуација. ПП вратите се од италијанско потекло и покрај заштитата на просториите на кои се поставени тие се и своевиден декор на истата поради интересниот дизајн. Опремата за противпожарна заштита е максимално плански предвидена и изведена. Истото се однесува и за електронскиот паник систем, со планирани широки евакуациони траси не само за мобилните субјекти, туку и за секој еден пациент во болницата.

Ентериерот е изработен од високо квалитетни материјали , линолеум и ПВЦ подови од фирмат „ ТАРКЕТ“ , со антистатик обезбедување во секоја просторија каде што е тоа неопходно, заради квалитетна работа на апаратурата која е вградена.

Ѕидовите се обложени со фиберглас и ПВЦ материјали, при што се користат висококвалитетни антибактериски релаксирачки тонови. Таваните се конструирани од антибактериски модуларни плочи, кои овозможуваат апсорбција на звукот, со што се запазени највисоките стаднарди за контрола на бучавата во болничка средина.

Осветлувањето на објектот- заштитен знак на болницата

  • Здравје и удобност во осветлувањето
  • Прилагодена контрола на одблесок
  • Без UV и IR зрачење
  • Без непотребно загревање
  • Механичка стабилност
  • Електрична стабилност
  • Не содржи жива (Hg) во LED светилките
  • Ниска емисија на CO2

Посебен акцент при проектирањето на болницата е ставен на системот за осветлување. Основната цел на осветлувањето е да обезбеди психолошки и физички комфорт на пациентите со што се овозможува мирен aмбиент до хромотерапија. Осветлувањето е така концепирано, за секој дел од објектот да се примени соодветно осветлување, согласно функцијата која треба да ја врши. За фасадата е употребен „Филипс“концептот . Осветлувањето на влезниот атриум, на влезот за итна помош и паркингот е така изведено за со нив да се нагласат карактеристичните архитектонски елементи на објектот. Применета е 100% LED реализација која гарантира слобода на дизајнот.

Контрастите на боите во осветлувањето се направени со цел да стимулираат интеракција меѓу луѓето.

Оптимално светлата боја и боја со висок квалитет помага при рендерирање на дијагнозата. Осветлувањето дава можност за проекции избрани од страна на пациентот за време на прегледот и дијагностицирањето. Пациентите се чувствуваат повеќе опуштено и се создава одвлекување на вниманието.

Движењето во објектот е така организирано да има побрзо движење низ истиот преку вградените 6 лифта , дел од нив за песоналот, дел за посетителите. Сите лифтови во болницата се произведени од германскиот концерн „Thyssen Krupp“, во Германија која е и најголемата фабрика за лифтови во Европа и една од 3-те најголеми во светот.

Моделот на лифт што е вграден во болницата е Evolution Hospital, дизајниран за специјални намени, за користење во болнички услови. Овој модел е типски лифт кој ги има сите типски CE сертификати како и највисоки сертификати за квалитет.

Лифтовите се сертифицирани со стандардот: ISO 14 001 за заштита на животната средина. При нивното производство се користени компоненти кои се во согласност со најновите национални еколошки прописи, како што е Директивата RoHS EC Directive (2002/95/EL).

Осветлувањето и во лифтовите е наменско,  така што истите се опремени со комплетното ЛЕД осветлување, ЛЦД дисплеи во боја во сите кабини, како и на станиците од лифтовите. Главниот лифт за посетители е опремен со 13,3 ” ЛЕД Медиа во кабина за аудио и видео презентации, комплетно програмибилни и подготвени за сетирање.

Кабините на лифтовите целосно се изработени од иноксни материјали, при тоа водејќи сметка за обезбедување на сите стандарди за болнички лифт. Тие се со систем за меко поаѓање и застанување, систем за предотворање на врати на секоја станица што дополнително го убрзува процесот на транспорт на патници во објектот.

Подовите во лифтовте се со природен гранит. Брзината на лифтовите е 1м/сек и се предвидени за повеќе од 180 вклучувања/час, што дава голема брзина и транспорт на многу патници во еден час. Сите лифтови се опремени со систем за автоматска евакуација на патници во случај на недостаток на електрична енергија или некој надворешен дефект.

Со непомало значење и важност од останатите простории со кои се гарантира безбедност, квалитет и хигиена во болницата е и просторијата за стерилизацијата. Истата е комплетно опремена со ултразвучни кади за перење на инструментите од фирмата „Бланко“.

Пералната за болничките алишта е проектирана и опремена од страна на најголемиот светски производител на опрема за перење Alliance Laundry Systems LLC-САД. Целиот процес е затворен, од прием, перење, сушење и пеглање. Тука е застапен висок стандард за процесирање на алиштата при што се користат бариерни машини за перење. Тие целосно ги одделуваат нечистите од чистите алишта и со тоа можноста за контаминација е сведена на минимум.

Во болницата е направена како и посебна перална за болничките кревети. Овој дел е обезбеден со Хепа филтри кои даваат висока чистота на воздухот.

Новата болница е на површина од 9.000 квадратни метри, со ефективна корисна површина од 17.000 квадрати, и има сутерен, приземје, три ката и посебен кат за машинство. Дијагностичкиот центар е сместен на приземјето од објектот. Секоја амбулантна е опрема со смарт 3Д ултразвучни апарати со можност за висококвалитетни прикази на внатрешните органи, со што е овозможено детална дијагностика. Рентген дијагностиката е опремена со најнова генерација на апарати – рентген, компјутерска томографија, ангиографија и магнет дијагностика. кои се последна смарт генерација на „Филипс“, со минимално зрачна технологија за пациентите и за персоналот, и со максимално прецизни резултати и со најкраток временски период за нивно добивање. Просториите се со специјална оловна заштита.

Во објектот има пет модуларни операциони сали со површина од по 50 м2. Салите се опремени со последна технологија на Трумф операциони столови, хируршки лед светла, компактен мониторинг систем за прикажување на актуелната состојба на пациентот и сите направени иследувања. Најнова генерација на анестезија машини, софистицирани пациент монитори се дел од врвната применета технологија.  Болницата располага со интензивен оддел и со оддел за полуинтензивно лекување, кој по своите карактеристики е индетичен со интензивната нега. Болничките соби се двокреветни, со пријатен амбиент, но и медицинска безбедност за секој пациент. Болницата располага и со 10 еднокреветни, два делукс апартмани, со 12 амбуланти, сала за физикална рехабилитација, оддел за психолошка поддршка, просторија за научни собири или т.н. амфитеатар е со капацитет за 100 слушатели, кујна со софистицирана опрема за подготовка на храната, ресторан. Во новата болница се применети најновите методи, технологии и материјали за добивање енергетски ефикасен објект во делот на греење, ладење, климатизација и вентилација. Болницата работи 24 часа на ден, затоа потребите за одржување на температура, влага, потребен број на измени на воздух се константни.