Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.03.2010

8. Д-р Михаил Леонидович Гордеев


“… Македонија и Русија безусловно имат заеднички и стари корени. .. сличноста на јазиците и неограничено количество на взаемно разбирливи зборови,mnogu zaеднички карактерни црти, отвореностa на луѓето, кои со задоволство разговараат и имаат желбата да помогнат…Како што зборуваат во Русија, многу често на лугето им помага случајноста! Нашата средба со д-р. Митрев е типичен пример како случајноста им помага на лугето во животот. Случајноста произлезе така што нашиот колега д-р. Белостотски, кој што сега работи многу успешно во Кардиохирургија ,,Филип Втори”, учествуваше на конгресот на кардиолози во Москва во 2002 година, и буквално се запозна со д-р. Митрев во ходникот. Такавата случајна средба заврши со негов пресотој и специјализација во Кардиохирургија ,,Филип Втори,, kаде што повеке од година дена работи како специјализант. Благодарение на таквото познаtство помегу д-р. Митрев и д-р. Белостотски kontaktite продолжија и se развиваа, по што на покана на Клиниката НИИ Алмазов во Сankt Петербург, на наше големо задоволство, д-р. Митрев не удостои со неговото присуство и презентација за достигнувањата на кардиохирургијата во Македонија. Нашата клиника е главниот, водечки кардиолошки центар на Северо-западна Русија, а Северо-запад е еден од седумте најголеми реони во Русија, во кој што живеат повеке од дванаесет милиони луге.До тој период ние имавме и, се уште, имаме широка соработка со САД, поточно започнавме програма со Јеилскиот универзитет, и, веке 10 години, соработуваме со нив. Го посетивме универизтетот, и видовме дека и нивната кардиохирургија е многу добра и работат многу добри кардиохирурзи. Тиe прават 2.500 операции во годината со многу добри резултати.Но, за време на средбата со д-р. Митрев ние se sretnavme so mnogu нови информации и нови методи. Нашата кардиохирургија, во Санкт Петербург е многу добро организирана и е на високо ниво, но д-р. Митрев ни покажа и ни зборуваше за нови методи, a тоа беше доплонителна причина и предизвик за моето присуство во Вашата клиника. За да видам, со сопстевни очи, како се работи тука. Toa {to go vidov овде ги надмина сите мои очекувања. Ова е таков кардиохируршки центар, со највисоко ниво на кардиохирургија и организација, кој што денес е меѓу првите 10-20 највисокоразвиени центри во светот. Тоа се должи на високата технологија и на многу добрата организација. Значи, тоа може да ни послужи i нам за пример, за тоа како би требало да се работи во Санкт Петербург- со максимална предаденост на работата.Интересно за нашата соработка е и самиот факт што Македонија и Русија безусловно имат заеднички и стари корени. Второто нешто што ме остави без зборови, после Центарот и неговата организација , е сличноста на јазиците и неограничено количество на взаемно разбирливи зборови. Postojat i drugi vzaemni karakteristiki:: mnogu zaеднички карактерни црти, отвореност на луѓето, кои со задоволство разговараат и имаат желбата да помогнат. Тоa е многу важно, bidejki не го прават затоа што мораат, туку, што е најважно, затоа што сакаатНесмонено, д-р. Митрев и неговите колеги и соработници, не само што се на високо професионално ниво, и имаат совршена комуниција, туку меѓу нив има беспоштедно инвестирање и давање на себе си во работата. Иако обемот на работата е голем, а број на вработени- мал, и иако просторот на болницата не дозволува проширување на дејноста, вработените буквално немаат време да се видат…И, токму затоа и без стеснување и со огромна почит , можам да кажам дека токму од таквиот однос може многу да се научи за тоа како треба да се работи во еден кардиохируршки центар, за да се остврат врвни резултати, како што е во вашиот. А, патувањата од ваков тип се неопходни за професионалците, за да разменат знаења и да учат едни од други, да разменат искуства и да се усовршуваат во својата област. Секогаш може да се научи нешто ново, доколку се има можност. Iako nе зависи само од мене, но јас sepak верувам дека уште многупати ке дојдам овде.Нашиот учител академик Алмазов, кој што беше кардиолог, но не кардиохирург, и кој што благодарение на неговата добра организација ја создаде, онаква каква што е, денешната кардиологија која го носи и неговото име- НИИ Алмазов, многупати има кажано ( една од неговите најомилените фрази) ,, срцето само со срце може да се лечи,,.И јас мислам дека тоа е правилно, затоа што кардиохирургијата има одредени особености кои што ја прават поспецифична и особена од другите специајлности. Но, за ова може многу долго да се зборува и полемизира…Една од карактеристичните особености на кардиохирургијата е тоа што за многу брзо време од кај себе, може да го отстрани целото “ѓубре”, и сите коишто дошле во кардиохирургијата случајно, не остануваат таму долго да работат. На сметка на работата од нив се бара да бидат искрени, и доколку прават обиди да измамат некого, тоа веднаш ке исплива на површина, затоа што нашата специјалност е конкретна. Поради тоа човечкиот однос не само што има големо значење, туку и токму од добриот однос кон пациентот, и добрата поставеност на системот, започнува кардиохирургијата.Кардиохирургијата е колективна игра, а не самостојна. Таа е оркестар, и го има следното значење- кардиохирургот е првата виолина, кој го води оркестарот и умее или не умее да ги организира инструментите.Во што е разликата помегу кардиохирургијата и оркестарот? Во оркестарот- кардохирургија главна е првата виолина-кардиохирургот, а во оркестарот главен е диригентот.Еве, сега ке ви кажам уште една, типична руска, фраза која гласи:За да се направи нешто добро, и да се постигнат успеси, тогаш тоа, треба да се прави постојано!Додека, пак, изреката на Алмазов укажува на фактот дека кон тугото срце треба да се однесуваш како кон свое. Да не ти помине тоа во механичка работа, затоа што самиот процес е до тој степен испланиран, што самата работа е рутинска и претставува еден вид на прозиводтсво. т.е. како еден вид производтсво на здравје. Но, доколку се појави чувство што зад секое срце стои човечкото лице, треба да се свати дека кардиохирургот не е samo хирург, а срцето е samo едно. ^овекот има две очи…. Значи, за да има добра кардиохирургија треба да биде водена од кардиохирург, затоа што е колективна игра.Развојот на кардиохирургијата во една земја е огледало за еконимјата во земјата. Ако една држава има слаба економија, тогаш и кардиохирургијата е слаба. Но, Македонија е доказ за спротивното затоа што благоадрение на д-р. Митрев и Господ Бог, вашата кардиохирургија е на високо ниво, а притоа не е огледало за економјата во земјата затоа што и во Русија, како и кај вас, во државните институции е исто.Се е во рацете Божји..И сите луге се во рацете Божји, а на Македонија и било судено да го има д-р. Митрев и да се има таков кардиохруршки центар.На една вечера, на која што присуствував првите денови од моето доагање, видов не само како работат Македонците , туку и како се одмараат. И уште еднаш се потврдува старата руска изрека ,,Кој како работи, така и се одмара! ,,Кој добро работи и добро се одмара. Што значи дека лугето се навикнале да работатат со максимално инвестирање на себе си, а кога одмараат- одмараат максимално.Интересен за мене беше и звукот на тапаните, од орото “Тешкото”, и само ако човек ги затвори очите , и ако се сконцентрира на музиката, ке го види и почувствува маршот на македонската фаланга, на чело со Аlekasandar Македонски, и во таков момент не можеш да сватиш дали е тоа музика или, пак, е земојотрес од тропот на нозете на толпа народ. Тоа зборува дека музиката е многу стара, а секоја стара музика, во суштина, е базирана на марши, затоа што и самата музика се има појавено за да се движи толпата во ритам, во едно темпо.Тоа е познат факт. Затоа стара и големија историја, укажува на големи луге и на стара и голема музика, која се разликува од новопечените естрадни yвезди кои што живеат само една или две сезони, стануваат мултимилјадерите и се е супер- златен диск. Оваа музика е стара 3-4 илјади години, спремна е за златен диск.. Неминовен е успехот!http://www.niic.ru/