Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.11.2020

Болести на имунолошкиот систем

Што претставува имунолошкиот систем?

Имунолошкиот систем е комплексна мрежа на клетки, ткива и органи. Заедно, тие му помагаат на вашето тело во борбата против инфекциите и другите болести.

Имунолошкиот систем се состои од два основни дела: вроден (оној имунолошки систем со кој сте родени) и стекнат имунолошки систем (оној кој се развива при контакт на вашето тело со микроби или хемикалии продукти на микробите). Овие два дела функционираат заедно.

Вродениот имунолошки систем е системот за таканаречен брз одговор, поточно оној кој одговара веднаш кога телото ќе идентификува ,,напаѓач,,. Клетките на овој имунолошки систем го обиколуваат и го убиваат ,,напаѓачот,,. Клетките кои го прават тоа се викаат фагоцити.

Стекнатиот имунолошки систем, со помош на вродениот продуцира клитки (антитела) кои го заштитуваат вашето тело од конкретен ,,напаѓач,,. Антителата се развиваат од клетките познати како лимфоцити Б откако телото било изложено на ,,напаѓач,,. Тие остануваат во телото, но потребно е неколку дена се развијат антитела. Откако еднаш сте биле изложени, следниот пат имунлошкиот систем препознава и се брани од истиот ,,напаѓач,,.


Декови одговорни за имунолошкиот систем?

И двата имунолошки системи се направени од голем број различни ткива и органи вклучувајќи ги:

Кожата: Таа е првата бариера која помага во спречување на навлегување на микробите внатре во телото

Мукозните мембрани: Тие се влажни внатрешни облоги на некои органи и телесни шуплини. Произведуваат слуз и други супстанции кои можат да ги заробат и да се борат против микробите.

Белите крвни клетки: одговорни за борбата против микробите

Органите и ткивата на лимфниот систем: Тука спаѓаат тимусот, слезината, крајниците, лимфните јазли, лимфните садови и коскената срцевина. Тие ги произведуваат, складираат и ги транспортираат белите крвни клетки.

 

Како функционира имунолошкиот систем?

Вашиот имунолошки систем го брани вашето тело од супстанции што ги смета за штетни или туѓи. Овие супстанции се нарекуваат антигени. Тие можат да бидат микроби како бактерии и вируси; хемикалии или токсини. Исто така тие можат да бидат клетки оштетени од рак или изгореници.

Кога вашиот имунолошки систем препознава антиген, тој го напаѓа. Ова се нарекува имунолошки одговор. Дел од овој одговор е со цел да создаде антитела. Антителата се протеини кои напаѓаат, ослабуваат и уништуваат антигени. Вашето тело создава и други клетки за да се борат против антигенот.

Вашиот имунолошки систем го памти антигенот. Препознавајќи го повторно, може брзо да го идентификува и да ги испрати точните антитела. Благодарение на ова, во повеќето случаи не се разболувате. Оваа заштита од одредена болест е позната како имунитет.

 

Кои се видовите на имунитет?

Постојат три различни типа на имунитет:

Вроден имунитет: Тоа е заштитата со која се раѓа. Тоа е првата линија на одбрана на вашето тело. Вклучува бариери како што се кожата и мукозните мембрани. Тие ги спречуваат штетните материи да навлезат во организмот.

Активен имунитет: Исто така наречен адаптивен имунитет, тој се активира и се развива кога ќе се заразете или вакцинирате против туѓа супстанца. Активниот имунитет обично е долготраен. Кај многу болести, тоа може да трае цел живот.

 

Кои се проблемите што може да ги има имунитетниот систем?

Понекогаш, кај некои лица може да се појави имунолошки одговор, иако не постои вистинска закана. Ова може да доведе до проблеми како алергии, астма и автоимуни болести. Ако имате автоимуна болест, вашиот имунолошки систем погрешно ги препознава и ги напаѓа здравите клетки во вашето тело.

Други проблеми со имунолошкиот систем се јавуваат кога истиот не работи добро. Овие проблеми вклучуваат болести на имунодефициенција. Ако имате болест на имунолошки дефицит, се разболувате почесто. Инфекциите можат да траат подолго, можат да бидат посериозни и потешки за лекување. Најчесто тие се генетски нарушувања.

Постојат и други болести кои можат да влијаат на вашиот имунолошки систем. На пример, ХИВ (вирус на хумана имунодефициенција) го оштетува вашиот имунолошки систем уништувајќи ги белите крвни клетки. Доколку овој вирус не се третира, може да предизвикува СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Луѓето со СИДА имаат сериозно оштетен имунолошки систем и страдаат од многу сериозни болести.