Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.09.2020

Инконтиненцијата на урина и циститот кај жените можат да предизвикуваат онколошки заболувања на грлото на матката

Не треба да сте рамнодушни кон сопственото здравје!

Податоците од последните испитувања на големи серии покажуваат дека  циститот и/или инконтиненцијата на урина (најчесто стрес инконтиненција на урината) се бележат кај 68% од жените постари од 48 години и кај 35% од жените постари од 30 години. Најстрашното кај овие заболувања е тоа што со текот на времето подобрување нема. Ако заболувањето не се излечи и санира сосема, тогаш истекувањето на урина ќе се повторува и зголемува.

Неизлечениот цистит предизвикува болки во долниот дел од стомакот, како и слабост, зачестено мокрење (над 15 пати за 24 часа), а тоа е пречка за здрав сексуален однос и воопшто за нормалната животна активност.

Колку се опасни циститот и инконтиненцијата на урина кај жените?

Всушност, најголем дел од жените воопшто не претпоставуваат дека се работи за сериозни патологии, па затоа често ги потценуваат овие состојби без да ги земат во предвид нивните последици. Тие се надеваат дека со текот на времето ќе им помине, но за жал тоа не се случува бидејќи ваквите состојби имаат потреба за медицински третман

Што е цистит?

Тоа е сериозно инфекциско заболување што го оштетува мочниот меур, а самата инфекција може да продре во бубрезите при што доаѓа до сериозни компликации.

Што е инконтиненција на урина?

Тоа всушнот претставува неможност за задржување на урината. Ваквата појава го руши квалитетот на живот кај афектираните  жени – поради постојаното истекување и непријатниот мирис кај жените се развиваат комплекси. Истовремено, тоа придонесува за нарушување на интеракцијата со другите луѓе и нивен нормален социјален живот.

Сепак главната опасност од инконтиненцијата произлегува од тоа што во влажната и топла средина бргу се размножува патогената микрофлора што навлегува внатре во вагината и се таложи на нејзината слузокожа. Според современата статистика веќе по 1-2 месеци редовно “подмочување” кај жената, во вагината се појавува дисбактериоза, а по 3 месеци почнува да се развива вагинит. Приближно по една година кај жена со ваква патологија (која не била лечена на соодветен начин) се откривааат бенигни епителни промени на грлото на матката. Зголемената фреквенцијата на инконтиненција и/или цистит, во комбинација со нездравата микрофлора, со тек на време може  епителните промени да ги претвори во малигни.

Денес постојат многу ефикасни начини за лекување како на инконтиненцијата на урина, така и на циститисот. Минимално инвазивна еднодневна нтервенција ја решава инконтиненцијата на урина. А, со решавање на инконтиненцијата, значајно се намалува можноста за цистит за кој денес располагаме со ефикасна медикаментозна терапија.


Проф. д-р Васил Илиев

Специјалист по гинекологија и акушерство