Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

24.03.2020

Известување до пациентите и корисниците на услугите на Zan Mitrev Clinic

Почитувани,

Ве известуваме дека Zan Mitrev Clinic и покрај моменталната состојба со Ковид 19, непречено ги нуди своите здравствени услуги за сите пациенти како и досега.

Сите испитувања поврзани со Ковид 19 се вршат во одвоени простории и строго мониторирани претходни закажувања.
Ургентниот центар работи 24/7.
Прегледите се закажуваат како и  секогаш на телефонскиот број 02 3091 484 или преку електронската пошта на infosalter@zmc.mk

Грижете се за своето здравје и за здравјето на вашите најблиски. Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19.

Zan Mitrev Clinic се грижи за Вашето здравје!