Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

15.01.2016

Наскоро тимот на д-р Жан Митрев и во нова болница

Довербата на пациентите, обемната работа и се потесниот простор , беа најсилнате причини заради кои во 2013 година почна со градба новата зграда на болницата,  која ги има сите перформанси на модерна болница од светски ранг.  Уникатноста на градбата се воочува преку несекојдневниот спој на естетски обликуваната фасада која на централниот влез го поврзува македонското културно наследство со високата технологија на 21 век.

Поставена на земјишна површина од 9000 м2, со ефективна корисна површина од 17 000 м2, распоредена во сутерен, нулти кат , 3 ката и посебен кат за машинство. Карабината на објектот е изградена за неполни 4 месеци, на која и претходеше високо стручна обработка на земјиштето и максимално високобезбедна поставена хидроизолација.

Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден  да ги  задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето. За две години од карабина се изгради новиот објект според највисоките светски стандарди и норми за ЕКО – болничка зграда, т.н ЗЕЛЕНА ЗГРАДА. Објектот е од затворен тип, со комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух, се со цел за максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите.

Изграден е од армирано-бетонска конструкција затворена со фасада која има карактеристики на висока енергетска ефикасност и коефициент на пропустливост од 0.6. Фасадата е комплетна стаклена со плански изведена изолација за задршка на топлината и одржување на константна температура во објектот. Овој избор на фасадно решение обезбедува максимална дневна светлина. Посебно внимание е посветено на светлината и амбиенталноста на секој простор согласно намената на истиот, преку транспарентни и нетранспарентни делови на фасадата.

Чистиот воздух во објектот се обезбедува преку клима-коморен систем. Целокупната опрема е  набавена од светски реномираната фирма ТРОКС. Проектниот план на овој дел од машинството е креиран преку користење на  топлински пумпи и експолатација на енергијата од подземните води.  Според коефициент на пресметка 80% од затоплувањето и ладењето на воздухот во зградата се обезбедува преку енергијата од топлинските пумпи со што максимално се заштитува околната  и животна средина. Имплементирањето на овој систем  на објектот му дава  обележје на ЕКО зграда. За комплетна логистика постои и систем на гас (гасна станица) , како и систем на струја.