Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

14.05.2024

Се повредивте при спортување или физички напор?

Ние имаме решение за вас – ЕХО преглед на мускулоскелетен систем

Редовното спортување е здрава животна навика која има голем број придобивки. Без оглед дали трчате, возите велосипед, или се занимавате со некој друг вид спортски активности, истите понекогаш можат да донесат и повреди на мускулоскелетниот систем (мускулите, тетивите, лигаментите, зглобовите).

Со цел точно дијагностицирање и соодветно решавање на проблемот, светските препораки велат дека ехото на мускулноскелетниот систем е основната појдовна точка за навремено откривање на истегнувања, воспаленија и повреди.

Ултразвучниот преглед на мускулите и тетивите е неинвазивна, безболна, брза и прецизна дијагностичка процедура базирана на употреба на високофреквентни ултразвучни бранови.

Со ултразвучен преглед на мускулоскелетниот систем јасно можеме да видиме: зглобен простор, тетиви, лигаменти, мускули, мускулна фасција и индивидуални нерви. Ние користиме ултразвук за:

  • повреди и воспалителни процеси на тетивите и лигаментите
  • мускулна повреда со мерење на евентуалните димензии на хематом и проценка на времето на опоравување
  • исклучување или потврдување на сомневање за евентуален експанзивен туморски процес на поткожното масно ткиво и мускулните структури
  • воспалителен процес во зглобот и присуство на течност во зглобот
  • дегенеративни промени во зглобовите
  • воспалителни процеси на бурзите
  • испитување на поединечни нерви

Прегледот е многу краток, трае само 15-20 минути и не е потребна посебна подготовка за истиот. Во нашата клиника работат радиолози со долгогодишно искуство.

До крајот на месецот овој преглед е со акциска цена од 1800 денари.

Закажете го вашиот термин на време на 02/3091-484.