Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.08.2012

Стентирање на аортна коарктација – современ тренд во лекување на болеста

Стентирање на аортна коарктација – современ тренд во лекување на болеста

Коарктација на аорта е вродено заболување на главниот крвен сад на телото, аортата, кое се карактеризира со стеснување на крвниот сад на било кое место во неговата должина. Најчесто, коарктацијата се појавува на почетниот дел на градната аорта, под лакот на аортата а во близина на спојот на перзистентниот артериски канал – една од комуникациите на плодот кој се затвара по раѓањето. Има различни типови на коарктација според изгледот на стеснувањето, кои различно се манифестираат кај одреден организам. Најтешките форми даваат изразени знаци во тек на првите денови од животот, а помалку тешките подоцна. Покачениот крвен притисок е обично прв знак за непрепознаена аортна коарктација.

Според изгледот на стеснувањето, коарктацијата на аортата може да се лекува на два начина: оперативно и интервентно.Двете момчиња беа третирани од страна на интервентниот тим на Филип Втори овој месец.• Пациентот Т.Ј. на 13-годишна возраст примен за прв пат во Филип Втори со главоболка, високи вредности на крвниот притисок и ослабена пулсација на артериите на нозете (феморалните артерии). Ехокардиографски установена е коарктација на аортата од потежок степен, дволисен залисток на аортата – без значење и концентрично здебелување на зидот на левата комора (хипертрофија на левата комора).

Направен е 64 МСКТ скен на аортата со кој е верифицирана коарктацијата на аортата. Донесена е одлука за интервентно решавање на коарктацијата.

Направена e интервенција со балон дилатација и поставување стент на местото на коарктацијата. После завршената интервенција се постигна одличен резултат со потполно излекување односно со нормализирање и изедначување на притисоците помеѓу почетниот дел на аортата и стомачната аорта.

• Пациентот М.М. на 14-годишна возраст за прв пат во Филип Втори е примен со симптоми на главоболка, крварење од носот, високи вредности на крвниот притисок и ослабени пулсации на двете феморални артерии. Ехокардиографски установена е коарктација на аортата, бикуспидна аортна валвула со пропратна аортна регургитација од втор степен и концентрична хипертрофија на левата комора.

Направен е 64 МСКТ скен на аортата со кој е утврдена коарктацијата на аортата.

Направена е интервенција со поставување на стент на местото на коарктацијата на почетниот дел на градната – торакална аорта.

После завршената интервенција се постигна одличен резултат со потполно излекување односно со нормализирање и изедначување на притисоците помеѓу почетниот дел на аортата и стомачната аорта.

На овој начин во Филип Втори продолжува трендот на современото – интервентно лекување на пациенти со вродени срцеви маани, чија бројка е помала од 200 пациенти.