Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.06.2016

Трикратниот светски шампион Горгиев од д-р Митрев доби МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ

Три пати злато за свои 20 години, светските височини беа негови на секое учество од 2011 до денес. Но желбата на шампионот во кик бокс Димитар Горгиев да се биде најдобар  на стариот континент се уште ја има сребрената боја.  Интензивните подготовките за следното ЕП ќе започнат наскоро, а добриот тренинг, дисциплинираноста и мал милион причини ќе влијаат на резултатот. Кон целта  да биде најдобар во Европа, на Димитар ќе му помогне д-р Жан Митрев со својот тим. Имено врвните професионалци кои се задолжени за исхраната  и подготовка  на храната во болницата, ќе направат специјало мени за Димитар – МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ. На денешната средба помеѓу д-р Митрев и светскиот шампион беа договорени деталите согласно потребите на Димитар за храната која му е неопходна пред големи натпревари, бидејќи борбите во кик боксот  максимално ја трошат  енергијата на спортистот. Од страна на д-р Митрев на Георгиев му беше посочено дека ќе му биде изработено специјално листа на исхрана  со сите неопходни намирници кој ќе му помогнат да се задржи својата психо физичка кондиција на саканото ниво . Во нашата болница како што истакна д-р Митрев се изработуваат менија за различни потреби на здравите луѓе,  но и на оние со здравствени проблеми. Новина е ова МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ, кое ќе го промовираме преку Димитар. Огромни зборови на благодарност за подршката од д-р Митрев упати трократното златно момче од Неготино,  кое рече дека нема друг начин да се заблагодари  освен да освои злато. Во што искрено верува и д-р Митрев кој континуирано ги поддржува спортистите. За таа цел лани по негова иницијатива започна  кампањата „За подобро здравје на шампионите“, а еден од шампионите во неа е и Димитар Георгиев.