Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Новости поврзани со SARS-CoV-2 во Македонија

Новости поврзани со SARS-CoV-2 во Македонија

СЕКВЕНЦИОНИРАНИ ПРВИТЕ ГЕНОМИ НА SARS-CoV-2 ВО МАКЕДОНИЈА (15.06.2021)

Тимот на Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина беше првата лабораторија која ги секвенционираше целосните геноми на коронавирусот SARS-CoV-2, изолирани од македонски пациенти уште на почетокот на јуни 2020 година.

Преку пристап на трета генерација на секвенционирање во реално време, тимот од молекуларни биолози целосно ги декодираше сите 30-тина илјади букви од генетскиот материјал на вирусот кај 10 македонски пациенти.

ДЕТЕКТИРАН БРИТАНСКИОТ СОЈ ВО МАКЕДОНИЈА (28.01.2021)

Во Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина беше утврдено присуството на мутираниот така наречен британски сој на коронавирусот. Мутацијата е утврдена со помош на секвенционирање на РНК согласно препораките.

Како дел од научно-истражувачката работа развивиен беше брз PCR протокол според којшто беа селектирани суспектни кандидати за британскиот VOC 202012/01 сој во Македонија. По направената селекција, присуство или отсуство се потврдува преку нова генерација на секвенционирање во реално време.

Редовниот мониторинг на еволуцијата на вирусот во Македонија ќе има огромно значење во формирањето на стратегии за сузбивање на пандемијата, дијагностичките тестови, терапијата и вакцините против коронавирусот. Во наредниот период нашата лабораторија продолжува со оваа научно-истражувачка работа.