INVASIVE KARDIOLOGIE
Процедура при која кардиологот прави мал засек на раката или ногата преку кој внесува катетер преку крвен сад до срцето. Оваа постапка користи за:
- Одредување на локацијата и големината на стеснувањата на крвните садови
- Одредувањена пупмната сила на срцето и функцијата на валвулите
- Земање на крв од одреден сегмент
- Одредување на крвниот притисок во одреден сегмент
- Инјектирање на контрастно средство видливо под рентген зраци во артерии за одредување на нивното полнење со крв.
Информациите добиени од оваа постапка помагаат за планирање кардиоваскуларна операција или решавање на состојбата со друг вид на интервентна процедура како на пример агиопластика.
Ангиопластика / перкутана коронарна интервенција
Се користи за отворање на артериите кои биле стеснети од атеросклероза и истата се врши преку катетер внесен со засек од рака или нога до артериите кои го хранат срцето. Катетерот има собран балон на врвот и кога тој ќе стигне во стеснетиот или запушен дел се дува за да ја турне атеросклеротската плака кон сидот на артеријата и ја проширува артеријата со што се подобрува крвниот тек.
Околу 70 % од ангиопластиките завршуваат со стентирање- внесување на мал метален цилиндар наречен стент во артерија. Затворениот стент е наместен преку затворен балон на врвот од катетер и кога балонот се надува стентот се отвора и ги стабилизира артериските ѕидови. По ова балонот и катетерот се вадат а стентот останува засекогаш и за неколку недели клетките од артеријата го обвиткуваат.
Постојат 2 вида на стентови: метални – (Bare-metal stents) и стентови кои се обложени со медикамент (Drug- eluting stents) кој спречува создавање лузни и го смалува ризикот од повторно затворање на артеријата.
Се користи за проширување на стеснети валвули кои не се отвораат соодветно пр. при аортна стеноза. При оваа процедура балонот на врвот на катетерот се дува за да го истегне и целосно отвори залистокот.
ВГРАДУВАЊЕ НА ЕЛЕТРОСТИМУЛАТОР – ПЕЈСМЕЈКЕР најчесто кај пациенти со невообичаено спор срцев ритам, срцева слабост и кај лица со ризик за ненадејна срцева смрт. Пејсмејкерите ја координираат пумпната акција на срцето преку испраќање електрични сигнали.